Отворен ден на УКИМ

Отворен ден на УКИМ 19.08.2022 година

ОТВОРЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 2022

🩺
⚕️
💉

⚕️ Во пријатна атмосфера, збогатена со енергијата што младоста ја носи, дискутиравме за патот до знењето и вештините кој нашите матуранти- идни студенти ќе го минат со уписот на секоја од студиските програми на Медицинскиот факултет.
🩺 Зборувавме за предизвиците и можностите, за вистинските вредности, за одговорноста и благородноста да се изучуваат и применуваат медицинските науки.
⚕️ Доц. д- р Габриела Новотни, д-р Горан Стевановски и г- дин Борис Стојчевски одговараа на бројните прашања, споделија сопствени искуства, се вратија во времето кога беа студенти и верувам помогнавме во донесување на одлуката за идната професија и предизвикот да се студира на Медицинскиот факултет во Скопје.