75 Години Медицински факултет

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека на 17 Март оваа година се навршуваат 75 години од формирањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,, Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Медицинскиот факултет, како најстара високообразовна установа во нашата држава, ја продолжува својата мисија за одржување на нивото и квалитетот на наставата и пренесување на знаењата на новите генерации. Горди сме на постигнатите успеси и продолжуваме да се стремиме кон подобри резултати и поголем напредок и развој во периодот кој следи.

Нека ни е честит 75-годишниот јубилеј!