Покана за одбележување на Денот на Европското обединување 9 Мај

Европското движење во Република Северна Македонија, традиционално започнува со активностите за одбележување на Денот на Европското обединување, 9 Мај. За таа цел, го покануваме вашиот Универзитет и студентите да учествуваат во двете студентски активности.

Една од тие активности е студентската дебата на тема: „I have something to say about my future“. Целта на оваа дебата е на студентите да им се даде шанса да ги споделат своите мислења на темата и да ги продискутираат со свои врсници.

Дебатата ќе се оддржи на 27 Апри 2021, преку Zoom.

Втората активност е  квизот на знаење за Европската Унија.

Квизот ќе се одржи на 9 Мај 2021, со почеток од 14.00, преку Zoom, со помош на платформата Kahoot. Истиот ќе се состои од 30 општи прашања за Европската Унија, за државите – членки, како и за процесот на пристапување на нашата држава кон Унијатa.

Во поканите во прилог на овој маил се детално објаснети правилата за учество и начинот на реализирање на активностите.

Се надеваме дека вашиот Универзитет ќе биде дел од овие активности и вашите студенти успешно ќе ве претстават.

Повик за студентска дебата

Повик за квиз