1. Да се примаат студенти од различни култури, кои поседуваат индивидуални квалитети и академски вештини што ќе им овозможат успешна кариера на полето на медицината и здравството воопшто.

2. Да се едуцираат студенти кои по завршувањето на студиите покажуваат:

  • знаење/познавање од базичните и клиничките медицински науки и способност за решавање проблеми што е предуслов за изведување на соодветна здравствена дејност;
  • знаење/познавање од општествените и хуманитарните науки потребни за проширување на знаењата и изградување на професионалните квалитети;
  • комуникациски способности/вештини потребни за градење на адекватен однос со сите пациенти и здравствени работници;
  • капацитет за критичка анализа на медицинската литература и разбирање за тоа како се создава и применува медицинското знаење со цел да се определи односот на чинење-корист во примената на дијагностичките и терапевтските модалитети;
  • посветеност кон континуирана едукација и продлабочување на знаењето, развивајќи способности за самостојно/индивидуално учење;
  • знаење/познавање на улогата на превенцијата во обезбедувањето здравствената грижа;
  • професионални/стручни квалитети, какви што се: интегритет, сочувство, темелност, одговорност и посветеност кон професијата, но и позитивниот натпреварувачки дух, сe со цел да создаде академски граѓани коишто ќе имаат успешна кариера на полето на медицината;
  • да се однесуваат чесно и да ги почитуваат сите факултетски правила;
  • високи етички стандарди и да ги развиваат своите знаења и вештини за добросостојба на општеството.

3. Да се востановат врски со други факултети, универзитети и институции во земјата и надвор од неа со цел да се подобрат квалитетот и перформансите на факултетот.

4. Да се востанови едукативна политика базирана врз автономност, адекватност, акредитација и самоевалуација.