Конкурс за доделување средства за објавување научни трудови во престижни списанија за 2020 година од Универзитетот “Св. Кирил и Методија”, Скопје

Конкурс за научни трудови

Конкурс за доделување средства за објавување научни трудови во престижни списанија за 2020 година од Универзитетот “Св. Кирил и Методија”, Скопје  

 Кандидатите најдоцна до 13.6.2022 година, до продеканот за наука, треба да достават во печатена форма (преку Архивата на факултетот) и електронска форма ( на  E-mail: rozalinda.popova@medf.ukim.edu.mk   и   medf@medf.ukim.edu.mk  ) : 

  • Пополнет Образец за секој труд со кој аплицираат и е објавен во 2020 година во списание со фактор на влијание,  

Образецот кој е составен дел на Конкурсот, е изработен во електронска форма    (forms.office) и замолуваме да се пополнува преку следниот линк.    

На крај од е-формата, имате опција за печатење, како и зачувување на документот во pdf.   

Свечено доделување на дипломи

На ден 02.06.2022 година во амфитеатарот на Медицинскиот факултет Скопје со почеток во 11 часот, ќе се одржи свечено доделување на дипломи за студентите кои требаше да ги подигнат во декември 2021 година, а беше одложено поради COVID мерките

Конкурс за избор на членови на комисии и одлука за заменик студентски правобранител и избор на членови во комисии на Факултетско студентско собрание

Одлука за избрани членови на комисии

Одлука за избран заменик правобранител

Конкурс за пријавување на членови на комисии

75 Години Медицински факултет

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека на 17 Март оваа година се навршуваат 75 години од формирањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,, Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Медицинскиот факултет, како најстара високообразовна установа во нашата држава, ја продолжува својата мисија за одржување на нивото и квалитетот на наставата и пренесување на знаењата на новите генерации. Горди сме на постигнатите успеси и продолжуваме да се стремиме кон подобри резултати и поголем напредок и развој во периодот кој следи.

Нека ни е честит 75-годишниот јубилеј!