Повик за поднесување на апликации за проекти и научни трудови

Универзитетското студентско собрание во соработка со комисијата за наука при УСС и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, отворија јавен повик за поднесување апликации за научни трудови и проекти наменет само за студентите на УКИМ. Повикот ќе биде отворен до 3 декември, а апликацијата треба да ги содржи следните елементи: накратко образложена идеја за што ќе се работи во трудот/проектот, целите, плниран период за изработка, буџет и потпис од ментор/професор. Апликациите се испраќаат на следниот меил: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk.

Истите ќе бидат разгледувани од страна на комисијата за наука при УКИМ и УСС, каде потоа ќе бидат објавени оние на кои ќе им бидат прифатени проектите и научните трудови. Избраните научни трудови ќе бидат целосно финансирани, а избраните проекти ќе бидат ко-финансирани од УСС. Во текот на летниот семестар, ќе биде организирана и конференција на која ќе можат да бидат презентирани научните трудови и проекти.

-Овој повик е наменет за сите, а тековно ќе бидат објавувани повици за поднесување апликации на конкретни теми. Исто така, она за кое ќе пробаме да се избориме оваа година е научните трудови и проекти да бидат презентирани и објавувани на меѓународни конференции, со цел и мотивот кај студентите да биде уште поголем за пишување и креирање на истите. Како УСС, веруваме дека ќе бидеме иницијалната точка која ќе биде двигател и стимул да што повеќе се даде внимание на научно-истражувачката дејност, која е во директна корелација со растот на квалитетот на образованието, со крајна цел подобро место на листата на најдобри факултети во светот. Се надеваме дека оваа иницијатива во иднина ќе биде и причина МОН да одлучи да издвојува повеќе средства за научно-истражувачката дејност – вели Славчо Темелковски, претседател на УСС.

Отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)

И оваа година, 🎓со почетокот на новата академска учебна година, Центарот за кариера на УКИМ со нови активности❗️
🎯 За сите студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет во Скопје💊🧪🧬🩺
📢 отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)
🥇🥈🥉Трите најдобри проекти ќе бидат наградени со финансиско-едукативен грант
Повеќе инфо на:🔗 centarzakariera.ff.ukim.edu.mk

Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади за 2021 година, претседател на Р. Северна Македонија

Почитувани Декани/Директори,

Би сакала да Ве известам дека е објавен Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади, кое го доделува претседателот на Р. Северна Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица кои заклучно со 2021 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во 8 категории:

1. Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки;

2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;

3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;

4. Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки;

5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);

7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);

8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Повикот е отворен до 30ти септември 2020 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/

Би сакала да замолам Повикот да биде дисеминиран до наставниот кадар на Вашите институции, како и до студентите постдипломци/докторанти кои би биле заинтересирани.

Со почит,

проф. д-р Анета Цекиќ

(претседателка на Комисијата за доделување на наградата)

Повик за апликации на North Macedonia – Career Transition Support програмата

Почитувани, Во прилог на ваше внимание го доставувам повикот за апликации на North Macedonia – Career Transition Support програмата:

Оваа информација можете да ја споделите со студентите кои се во последната година од нивните студии, оние кои имаат завршено не повеќе од 6 месеци до рокот на аплицирање и студентите кои се на мастер. Рокот на аплицирање е до 31 Август 2022. Web: https://www.wusgermany.de/en/international-projects/career-transition-support-north-macedonia Би сакале уште еднаш да ви се заблагодариме за соработката и се надеваме на позитивен одговор од студентите. 

Со почит, Димитар Каљошевски

Свечено доделување на дипломи

На ден 02.06.2022 година во амфитеатарот на Медицинскиот факултет Скопје со почеток во 11 часот, ќе се одржи свечено доделување на дипломи за студентите кои требаше да ги подигнат во декември 2021 година, а беше одложено поради COVID мерките