Покана за настава по Семејна медицина во Загреб, Хрватска

Од Катедрата по семејна медицина на Медициснкиот факултет при Универзитетот во Загреб пристигна покана за двајца студенти од 6та година, кои би сакале да слушаат семејна медицина на англиски јазик Наставата се одржува од 17.2. до 13.3. 2020. Наставата и сместувањето во студентски дом ги покрива Катедрата по семејна медицина на  Медицинскиот факултет во Загреб, а студентите сами ги покриваат патните трошоци. Заинтересираните студенти да се јават до 13.12.2019 година кај професор Даниела Миладинова (danielamiladinova@medf.ukim.edu.mk / 070257856).