ДЕКАНАТСКА УПРАВА
Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и има 11 члена.
Деканатската управа ја сочинуваат:
- деканот;
- продеканите;
- еден раководител na катедрите од хируршките гранки на медицината (хирургија, ОРЛ, офталмологија, ортопедија, анестезиологија и реанимација, гинекологија и акушерство);
- еден раководител na катедрите од интернистичките гранки на медицината (радиологија, интерна медицина, педијатрија, дерматовенерологија, неврологија, инфектологија, онкологија, трансфузиологија, физикална медицина, психијатрија, примарна здравствена заштита);
- еден раководител na катедрите од базичните гранки на медицината кои немаат апликативни дејности и превентивни гранки (анатомија, медицинска етика и медицинска хемија социјална медицина, епидемиологија, хигиена и медицина на трудот);
- двајца раководители на институтите кои вршат здравствена дејност (патологија, микробиологија и паразитологија, судска медицина, патофизиологија, физиологија, фармакологија со токсикологија, имунологија, биохемија, хистологија со ембриологија, нуклеарна медицина);
- претседателот на Студентскиот парламент.
Мандатот на претставниците во Деканатската управа е 4 години. Во работата на Деканатската управа учествува и секретарот на Факултетот без право на одлучување.
Деканатската управа ја свикува и со седниците претседава деканот.
Изборот на раководителите во Деканатската управа од катедрите се врши со тајно гласање од страна на раководителите на катедрите од соодветните гранки на медицината (хируршки, интернистички, базични), по предлог на деканот.
Решение за овластено лице на заштитено внатрешно пријавување на Медицинскиот факултет во Скопје