Конкурс за доделување на стипендии Фондација “Трајче Мукаетов” Алкалоид
Конкурс за доделување на награда за најдобар научен труд објавен во медицинско списание во 2018 година
Почитувани,
На предлог на семејството на проф.д-р Епса Урумова, УКИМ Медицински факултет распишува конкурс за доделување на награда за најдобар научен труд објавен во медицинско списание во 2018 година.
Подетални податоци на следниот линк – ЛИНК.
Интерен конкурс за избор на демонстратори
Се распишува интерен конкурс за избор на демонстратори, како помошници во наставно-образовниот процес на првиот циклус студии, а за потребите на Медицинскиот факултет во Скопје за учебната 2019/2020 година.
Линк за евалуација
Сите студенти се должни да направат евалуација на летниот семестар на слдниов линк anketi.finki.ukim.mk
Прелиминарна листа на резултати од успехот од средно образование на сите пријавени кандидати – Прв уписен рок 2019 год
Промена на обврската за плаќање на административна такса
Почитувани студенти,
Ве информираме, дека студентите, НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА за пријавите за испити, обрасците за запишување и за заверка на семестар, согласно чл. 92, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).
член 92
„Барањата за издавање на управни и реални акти, согласно Законот за општата управна постапка, односно барањата за остварување на заштита на правата и правните интереси на студентите подлежат на административна такса согласно со Законот за административните такси, освен барањата за издавање на оргинал-уверенија и оргинал-дипломи за завршени студии, како и за други дејствија за кои не се плаќа такса согласно со закон.
Пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на админитративна такса“
29.05.2019 година Од Деканатот,
ERASMUS + Конкурс за мобилност на студенти и наставници за 2019/20
С О О П Ш Т Е Н И Е – Катедра за педијатрија
Се информираат студентите од ТСС/сестри РЕДОВНИ кои го слушаат предметот Здравствена нега на деца и младина со педијатрија доколку од 14.05.2019 не доаѓаат на сите предавања без исклучок нема да добијат потпис и нема да можат оваа година да го полагаат испитот.
Одговорни наставници:
Проф.д-р Марина Крстевска Константинова
Доц. Соња Бојаџиева
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ОПШТА МЕДИЦИНА ОД V ГОДИНА X СЕМЕСТАР И ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ТСС/СЕСТРИ, ФИЗИОТЕРАПЕВТИ
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ОПШТА МЕДИЦИНА ОД V ГОДИНА X СЕМЕСТАР И ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ТСС/СЕСТРИ, ФИЗИОТЕРАПЕВТИ
Од понеделник 15 април на вежби по предијатрија на детска клиника студентите може да дојдат доколку имаат потврда од матичен лекар дека се вакцинирани од морбили а оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат во иститутот за јавно здравје и да донесат потврда дека се вакцинирани.