Отворен повик стипендии – Атанас Близнакоф

Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/otvoren-povik-za-dodeluvanje-40-stipendii-studenti/ 

Kраен рок за доставување на апликациите е 20 август 2024 година.

Со цел за поширока публикација, замолуваме повикот да биде објавен и на веб страницата на Вашиот факултет.

Ви благодариме.

Со почит,

Ректорат на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

Важно!!! Соопштение за задолжително пополнување анкети

Почитувани,

Во прилог Ви ги праќаме анкетати: „Перцепција на студентот за квалитетот на наставата“ и „Перцепција на студентите за општите услови за студирање“на следниов линк anketi.ukim.mk

Напоменуваме дека пополнувањето на анкетата е задолжително, во спротивно нема да имате можност да продолжите со тековните активности од студиската програма на која сте запишани.

Анкетирањето мора да биде завршено најдоцна до 25.06.2024 година до 23:59 часот.

Медицински факултет-Скопје

Распоред за полагање на испитите Основи на научноистражувачка работа за Општа медицина и тригодишните стручни студии и Медицинска диететика за тригодишните стручни студии во јунската испитна сесија – прв и втор рок

Општа медицина ОСНИР – прв рок 18.06.2024 година

Општа медицина ОСНИР – втор рок 02.07.2024 година

Тригодишни стручни студии ОСНИР – прв рок 25.06.2024 година

Тригодишни стручни студии ОСНИР – втор рок 09.07.2024 година

Медицинска диететика – прв рок 19.06.2024 година

Медицинска диететика – втор рок 11.07.2024 година

Известување за изборниот предмет Прва медицинска помош

Почитувани студенти, предавањето за изборниот предмет Прва медицинска помош ќе се одржи на 17.05 во 13часот на Катедрата по анестезиологија со реанимација. Присуството на пријавените студенти е задолжително.

ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ЕЛЕКТРОКАРДИОГРАФИЈА 2024 година

Почитувани студенти, изборниот предмет ЕКГ во организација на проф.др Љубица Георгиевска Исмаил и проф.др Лидија Попоска, ќе се одржува од 27.05 до 30.05 од 14-17 часот во амфитеатарот на Клиника за кардиологија (по договор термините може да се изменат =вторниот, третиот и четвртиот ден). Присуство на СИТЕ четири дена е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

Ве молам, студентите што се пријавија за слушање на предметот, но и други студенти (непријавени) уште 10-15, да го потврдат своето учество на мејл кај професорките, најдоцна до 15.05.2024.

lgismail@gmail.com

lidijapoposka@gmail.com

Известување за студентите кои ги немаат подигнато дипломите на свеченото доделување

Се известуваат дипломираните студенти кои не ги подигнаа дипломите на свеченото доделување, истите ќе можат да ги подигнат секој понеделник од 11 до 12 часот во одделението за студентски прашања

Отворен ден на УКИМ 12.04.2024 година

Повелете на отворениот ден на УКИМ на ден 12.04.2024 година на платото на Универзитетот ,, Свети Кирил и Методиј” Скопје од 11.00 до 15.00 часот

Драги матуранти, наши идни студенти! 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот, на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки!

Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. 

Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат. 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја! 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје! 

Се гледаме на 12-ти април.