НАСТАВНО НАУЧЕН СОВЕТ
Наставно-научниот совет претставува стручен орган на управување на Факултетот. Наставно-научниот совет (ННС) го сочинуваат деканот, продеканите и претставници избрани од катедрите од страна на редовните и вонредните професори и доцентите сразмерно на наставниците избрани односно распоредени во катедрите на Факултетот. Во ННС свои претставници имаат соработниците и студентите, и тоа: осум претставници од соработниците (асистенти и помлади асистенти) рамноправно застапени од соодветната групација, односно по два соработника од превентивната, базичната, хируршката и интернистичката групација. Соработниците-членови на Наставно-научниот совет, со тајно гласање, ги избираат соработниците од соодветните групации. Студентите се застапени со 10 претставници од Студентскиот парламент на Факултетот.
Мандатот на претставниците од наставно-научните работници на Катедрите, на претставниците на соработниците – членови на Наставно-научниот совет трае 2 години со право на повторен избор. Мандатот на претставниците на студентите трае две години.
Седниците на Наставно-научниот совет се јавни и се одржуваат како: редовни, изборни, тематски, вонредни и комеморативни. По исклучок, ННС може да одлучи да работи без присуство на јавноста.
На редовните седници се разгледуваат тековни прашања. На изборните седници се вршат избори на декан и продекани, избори во наставно-научни и во соработнички звања, како и избори на одбори и комисии. ННС одржува комеморативна седница само по повод смрт на наставник. ННС одржува свечени седници по повод јубилеи, прослави и во други случаи. ННС за одредени актуелни состојби и прашања, одржува тематски седници или вонредни седници.
РАБОТНИ ТЕЛА И КОМИСИИ НА ННС
ННС формира постојани и повремени одбори, комисии и други работни тела за проучување и изготвување предлог-акти, предлози, мислења и сл. за одделни прашања од неговиот делокруг.
Постојани одбори и комисии на Наставно-научниот совет се:
- Наставниот одбор,
- Научниот одбор,
- Кадровски одбор,
- Одборот за последипломски студии,
- Одборот за специјализации и супспецијализации,
- Одборот за здравство,
- Одборот за судско медицински вештачења,
- Одборот за јавно здравство,
- Одбор за издавачка дејност,
- Етичка комисија за истражувања на луѓе,
- Етичка комисија за експерименти на животни,
- Комисијата за меѓународна соработка,
- Комисијата за самоевалуација,
- Комисијата за библиотечно-информациски систем,
- Одбор за финансиско-материјални прашања,
Наставно-научниот совет, по потреба, за одредени актуелни состојби формира повремени одбори и комисии, со точно определена содржина, рок и состав.
Наставниот, Научниот и Кадровскиот одбор, Наставно-научниот совет ги формира на предлог на катедрите, на паритетен принцип, со по еден претставник од секоја катедра.
Другите постојани одбори и комисии ННС ги формира на предлог на Деканатската управа, водејќи сметка за адекватна застапеност на соодветните дисциплини.
Постојаните одбори и комисии, Наставно-научниот совет ги формира со изборот на декан.
Членовите се должни редовно да присуствуваат на седниците на своите одбори и комисии.
Членовите на одборите и на комисиите можат да поднесуваат предлози и по одредени прашања во усна или во писмена форма, како и да ги поставуваат на седниците на одборите или на комисиите барањата од соодветните катедри.
Членовите се должни да ги информираат катедрите за работењето на одборите и на комисиите и да ги запознаат со донесените предлог-одлуки и со други акти.