СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НА ДЕН 30.04.2025 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ДИПЛОМИРАЛЕ ВО 2024 ГОДИНА.

НАСТАНОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО АМФИТЕАТАРОТ ВО ДЕКАНАТОТ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ.
ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА ОПШТА МЕДИЦИНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ НАЈДОЦНА ДО 8,30 ЧАСОТ, ДОДЕКА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ТРИГОДИШНИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НАЈДОЦНА ДО 12,30 ЧАСОТ.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

Покана за Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, за XVIl седница на ден 08.04.2025 година (вторник ) со почеток во 13 часот

Покана за Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, за XVIl седница на ден 08.04.2025 година (вторник ) со почеток во 13 часот

Отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)

И оваа година, 🎓со почетокот на новата академска учебна година, Центарот за кариера на УКИМ со нови активности❗️
🎯 За сите студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет во Скопје💊🧪🧬🩺
📢 отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина)
🥇🥈🥉Трите најдобри проекти ќе бидат наградени со финансиско-едукативен грант
Повеќе инфо на:🔗 centarzakariera.ff.ukim.edu.mk

Конкурс од УКИМ за мобилност на наставен кадар 2022/2023 година (ERASMUS+)

о име на Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски во прилог го доставуваме Еразмус+ конкурсот за академска мобилност на наставен кадар за учебната 2022-23 година. Конкурсот треба да биде објавенна интернет-страната на факултетот.

Апликациите во еден примерок треба да ги доставите до Ректоратот на УКИМ ( Одд. за меѓународна соработка) најдоцна до 25 ноември 2022. Професорот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок.

Сите формулари за аплицирање можете да ги најдете и на интернет-страната на УКИМ (Меѓународна соработка/Еразмус+)

Заради ограничените средства одобрени од Националната Еразмус+ агенција за европски образовни програми и мобилност, факултетите  треба да номинираат  еден главен кандидат и еден резервен кандидат.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на меил адресатa:

international@ukim.edu.mk или тел. 3293 210

Конкурс ЕРАСМУС+

Конечни ранг листи од трет уписен рок

Конечни ранг листи од трет уписен рок

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ на МЕДИЦИНСКИ факултет во третиот уписен рок

во I (прв) семестар

При запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

1)

  • Индекс и студентска легитимација
  • Образец за запишување на семестар со таксена марка од 50 денари
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3

2)

  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ, со назнака ИКСА на УКИМ, Медицински факултет
  • На сметката на Ректорат
  • Депонент:НБРМ ж-сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник:1600103689 788-18
  • Приходна шифра: 723012-41

3)

  • Потврда за уплатени 1000 денари, за студентски информатор, наставна програма, електронска картичка за евиденција, одржување
    • На сметката на Медицинскиот факултет
    • Депонент:НБРМ ж-сметка: 100000000063095
    • Сметка на буџетски корисник:1600111517788-13
    • Приходна шифра: 723119-41

4)Потврда за уплатена I прва рата школарина, и тоа: (100 евра-државна квота, 200 евра-кофинасирање)

  • На сметката на Медицинскиот факултет
  • Депонент:НБРМ ж-сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник:1600111517788-13
  • Приходна шифра: 723119-41