Конкурс за доделување финансиски средства за објавени престижни научни трудови, индексирани во базите Web of Science од Clarivate Analytics или Scopus од Elsevier за 2021 година и новиот Правилник за доделување финансиски средства за објавени престижни научни трудови, индексирани во базите Web of Science од Clarivate Analytics или Scopus од Elsevier.

Важни датуми по Конкурсот, се:

За академскиот кадар

·         најдоцна до 12.6.2023 година, академскиот кадар доставува пријава на трудови до продеканот за наука на единицата;

За единицата

·         заклучно со 16.6.2023 година, продеканот за наука ги доставува пријавите до Универзитетската Комисија за наука.

Образец 1, кој е составен дел од Конкурсот, го изработивме и во електронска форма (forms.office) и замолуваме да се пополнува преку следниот линк.

Исто така, за побрз пристап и преку мобилен телефон, во прилог QRCode, кој веднаш ќе ве однесе до е-формата.

На крај пополнетата е-форма, може да ја испечатите или зачувате во pdf, со Ctrl+P.

Замолуваме ова известување да се проследи до наставно-научниот кадар на вашата единица.

Со почит,

Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука и претседател на Комисија за наука

Во име на Проректорката за наука,

Одделение за наука

Катерина Климоска

Конкурс за објавени престижни научни трудови

Правилник за доделување финансиски средства за објавени научни трудови

QR Code – Пријава за доделување на финасиски средства за објавен научен труд во 2021 година

Ден за кариерен развој 11.05.2023 година

Во прилог Ви ја доставуваме агендата на настанот ,,Ден за кариерен развој“, што  ќе се одржи на 11.05.2023 со почеток од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет).

Настанот е во организација на Центарот за кариера на УКИМ, а во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој.

На настанот ќе учествуваат 30 етаблирани компании од земјава и странство кои на студентите ќе ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите. Со свои штандови ќе се претстават: Алкалоид, Филип Морис ТКП, Џонсон Мети, Реплек, Зегин, Јака Нова, Маркарт Македонија, ИГМ Трејд, Van Hool, Вабтек МЗТ, НЛБ банка, ПроКредит Банка, Шпаркасе Банка, Рудник САСА, Синцеритас, Микросам Прилеп, 42 Dynamics, Аспект, ИТХР Македонија, Макстил, Цеметарница Усје, Раде Кончар ТЕП, Жито Лукс, Окта, Технопериа, Адиент, ЛТХ Леарница, IT-Labs, АСК, Thrivity.

Програмата е надополнета со едукативни сесии што ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители. Фокусот е на теми што имаат за цел да го олеснат процесот на преминување од академската во бизнис средината.

На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.

Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување и насочување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.

IT-Labs на настанот ќе ја претстават апликацијата за учење на знаковен јазик SignTalks – едукативна апликација за полесно и поефикасно учење на знаковен јазик со помош на вештачка интелигенција, а секој од учесниците/посетителите ќе може да допринесе за развој на базата преку снимање на видеа како се прават знаците.

За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижи Dj Јанко, а ќе биде организирана и зона за освежување поддржана од Пивара Скопје.

Ве молиме да ја споделите оваа информација, заедно со агендата, до сите студенти од вашите факултети!

За целосно информирање на наставно- научниот кадар, Ве молиме да ја споделите информацијата и до нив.

Ве покануваме да го посетите и бидете дел од Денот за кариерен развој, пружајќи им поддршка на студентите.

Со почит,

Проф. д-р Никола Јанкуловски

Ректор

Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска

Раководител на Центарот за кариера на УКИМ

Агенда за денот за кариерен развој

Интерен конкурс за културни и спортски активности и други манифестации на Универзитетот ,, Св.Кирил и Методиј” Скопје за 2023 година

Интерен конкурс за културни и спортски активности и други манифестации на Универзитетот ,, Св.Кирил и Методиј” Скопје за 2023 година

Отворени денови на УКИМ 27.04.2023 година

Настанот кој е организиран од Центарот за кариера на УКИМ ќе се одржи на 27 април 2023, во два термина и тоа првиот со почеток од 10.00 часот и вториот термин со почеток во 12.00 часот-периоди во кои секој од факултетите во состав на УКИМ ќе ги отворат своите врати за посета од страна на заинтересираните матуранти.