Субвенциониран студентски оброк

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.

Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк.

Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува сите квалификувани студенти, кои веќе добиле порака од банката со точно место и време за подигнување на својата наменска картичка, истото да го сторат навремено, со цел од месец октомври да можат да ги користат истите на територија на целата држава.

Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.

Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои веќе ги подигнале своите картички можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи во сите продажни места низ државата за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети.

Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности.

Оние квалификувани студенти, кои не успеале досега да ги ажурираат своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, – и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal.

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.

Свечено доделување на индекси

Почитувани,

Ве известуваме дека свеченото доделување на индексите за новите студенти на Медицинскиот факултет во Скопје за академската 2023/24 година, ќе се оддржи на 02.10.2023 година(понеделник), во амфитеатарот на деканатот на Медицинскиот факултет, со почеток во 8,30ч за студентите по Општа медицина и во 11,00ч за студентите од тригодишните стручни студии и четиригодишните студии за логопеди

По тој повод Ве покануваме и Вие да присуствувате на свеченото доделување на индексите.

Со почит,

Резултати од втор испитен рок по предметот Основи на научноистражувачка работа одржан на 13.09.2023 година за студнетите од Општа медицна и 12.09.2023 за студентите од Тригодишни стручни студии

Резултати од втор испитен рок по предметот Основи на научноистражувачка работа одржан на 13.09.2023 година за Општа медицина

Резултати од втор испитен рок по предметот Основи на научноистражувачка работа одржан на 12.09.2023 година за Тригодишни стручни студии

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2023-2024 година

Потребни документи за упис на новопримените студенти

Општа медицна – државна квота

Општа медицина – приватна квота

Општа медицина – националности

Општа медицина – специјални услови и припадници на безбедносни сили

Стручни медицински сестри – државна квота

Стручни медицински сестри – приватна квота и вонредни

Физиотерапевти – државна квота

Физиотерапевти – приватна квота, вонредни и специјални услови

Радиолошки технолози – државна квота, приватна квота и вонредни

Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – државна квота

Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – приватна квота и специјални услови

Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – вонредни

Дипломирана акушерка / акушер – државна квота

Логопеди ( 8 семестри) – државна квота

Логопеди ( 8 семестри) – приватна квота

Логопеди ( 8 семестри ) – факултетско образование и специјални услови