1. Огласна табла
  2. К О Н К У Р С за субвенција на научно-истражувачки проекти од студенти на додипломски студиипри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјеза академската 2025/2026 година.

К О Н К У Р С за субвенција на научно-истражувачки проекти од студенти на додипломски студиипри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјеза академската 2025/2026 година.

Конкурсот е отворен од 19.03.2026 година (четврток), а рокот за аплицирање е до 06.04.2026 година (понеделник).

Со цел транспарентно работење, меѓусебна соработка и поддршка на студентите при реализацијата на проектите (особено во делот на финансиското управување),  Ве известуваме навремено за овој Конкурс и Ве замолуваме да ја проследите информацијата до секретарите, продеканите и одделенијата за финансиско, сметководствено и материјално работење, со цел непречено и континуирано спроведување на проектите кои ќе траат околу шест месеци. 

Целокупниот текст на конкурсот, заедно со сите потребни информации и детали, како и обрасците (Апликација и Финансиски план), се достапни на следниот линк.

Истите се јавно објавени и на интернет-страницата и профилите на социјалните мрежи на УСС УКИМ.

Претседателите на факултетските студентски собранија се веќе известени и потребно е да се потпишат на апликациите за Конкурсот. Со тоа се обезбедува нивна информираност и вклученост во процесот на реализација на студентските проекти, како и навремена комуникација со факултетите за сите прашања поврзани со Конкурсот.

Финансиските средства за одобрените проекти се строго наменски и ќе се исплаќаат на сметките на факултетите. Доколку одобрен проект не се реализира во согласност со утврдените рокови, средствата ќе треба да бидат вратени.

Конкурсот има за цел да ја поттикне научно-истражувачката работа кај студентите, да промовира тимска работа и интердисциплинарен пристап, како и да овозможи вклучување на академски и соработнички кадар како ментори. Дополнително, се стимулира развивање на вештини за временско и финансиско планирање преку реализација на проекти со времетраење од околу шест месеци.

За сите дополнителни информации, прашања и појаснувања, стоиме целосно на располагање.

Ви благодариме на соработката.

Со почит,