Запишувањето на студентите во I (прв) зимски семестар на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се врши на 3 и 4.09.2026 година (четврток и петок), од 8.30 до 15.00 часот.
При запишување, примените кандидати ги доставуваат следниве документи:
- Индекс и студентска легитимација (со залепени слики и пополнет индекс и студентска легитимација);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
- Договор за студирање (се подигнува при упис на факултетот);
- Потврда (Образец ПП 50) за уплатена I (прва) рата школарина и тоа:
-за студенти запишани во државна квота 100 евра (во денарска против вредност) , во цел на дознака да се напомене студиската програма: општа медицина, академски или тригодишни стручни студии, се плаќа на сметката на Медицински факултет
-за студенти запишани со кофинасирање 200 евра (во денарска против вредност), во цел на дознака да се напомене студиската програма: општа медицина, академски-логопеди или тригодишни стручни студии, се плаќа на сметката на Медицински факултет;
-за студенти запишани на англиски наставен јазик 2.500 евра во денарска против вредност, во цел на дознака да се напомене за студиската програма: MED ENGLISH, се плаќа на сметката на Медицински факултет.
и тоа на следната сметка:
СМЕТКА НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
- Депонент: НБРМ ж-сметка: 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600111517 788-13
- Приходна шифра: 723012-41
- Потврда (Образец ПП 50) за уплатени 1.500 денари, во цел на дознака за „материјални ресурси за реализација на студиските програми“, се плаќаат на годишно ниво за реализација на студиските програми, се плаќа на сметката на Медицински факултет;
- Потврда (Образец ПП 50) за уплатени 130 денари, во цел на дознака за „електронска картичка за евиденција“, се плаќа на сметката на Медицински факултет
и тоа на следната сметка:
СМЕТКА НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
- Депонент: НБРМ ж-сметка: 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600111517 788-13
- Приходна шифра: 723019-41
- Потврда за уплатени 750 денари (годишно), во цел на дознака за „ИКСА на УКИМ“, со назнака за Медицински факултет, се плаќа на сметка на УКИМ-Ректорат
и тоа на следната сметка:
- Депонент: НБРМ на ж-сметка 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788-18
- Приходна шифра: 723012-41
- За запишување на семестар се генерира образец од IKNOW системот и се плаќа 100 денари, се плаќа на сметка на УКИМ-Ректорат
и тоа на следната сметка:
- Депонент: НБРМ на ж-сметка 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788-18
- Приходна шифра: 723019-41
- Образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи – ВОИ20, пополнет на платформата: www.uslugi.gov.mk
Ве известуваме дека во насока на дигитализација на прибирање на податоци, Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за дигитална трансформација за академската 2026/2027 година потребно е да достават пополнет Образец ВОИ 20, кој ќе може да се пополни на платформата www.uslugi.gov.mk
До услугата може да се пристапи директно на линкот
или со скенирање на QR-кодот:

Секој студент потребно е да има активен кориснички профил на ниско ниво за да го пополни образецот и притоа од системот ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС:
1. Генериран образец и
2. Потврда за успешно доставен образец.
Студентите се должни еден од овие документи да го достават во хартиена форма до Одделението за студентски прашања при упис на академската 2026/2027 година .
