Свечено доделување на индекси за запишаните студенти за првпат во учебната 2025/2026 година
Почитувани студенти,
Медицинскиот факултет во Скопје ве известува дека свеченото доделување на индексите за новозапишаните студенти во учебната 2025/2026 година, ќе се оддржи на 01.10.2025 година (среда) со почеток во 14.00 часот до 15.30 часот, во амфитеатарот на деканатот на Медицинскиот факултет, и тоа за студентите по Општа медицина и General Medicine, а од 15.30 часот до 17.00 часот ќе се доделуваат индексите на студентите од четиригодишните академски студии за логопеди и тригодишните стручни студии.
По тој повод Ве покануваме и Вие да присуствувате на свеченото доделување на индексите.
Со почит,
Медицински факултет