Почитувани,
Доктори на науки и магистри по јавно здравство при Медицинскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со цел да се соберат сите значајни податоци за кандидатите кои успешно ги завршиле докторските и магистерските студии по јавно здравство. Ве молиме да го пополните формуларот на следниот линк https://forms.gle/s1WzYoc4typuvurs8 .
Овие податоци се основа за изработка на печатено издание – Алманах – кој ќе овозможи преглед на академските и професионалните достигнувања на докторите на науки и магистри по јавно здравство, како и информации за нивната моментална позиција и работни ангажмани.
Алманахот е наменет за зајакнување на мрежата меѓу поранешните и сегашните доктори на науки и магистри по јавно здравство, како и за поттикнување на нови форми на професионална соработка, размена на знаења и унапредување на здравствената едукација и пракса.
Алманахот ќе биде објавен на македонски и англиски јазик.
Ве молиме формуларот да го пополните соодветно — во полињата за македонски јазик пополнете на македонски, а во полињата за англиски јазик — на англиски.
Со почит,
Проф. д-р Фимка Тозија
Претседател на Наставно-научен колегиум по јавно здравство