1. Настани
  2. Резултати од успехот од средно образование на сите пријавени кандидати – Прв уписен рок (Прелиминарна ранг-листа 2026/27)

Резултати од успехот од средно образование на сите пријавени кандидати – Прв уписен рок (Прелиминарна ранг-листа 2026/27)

Резултати од успехот од средно образование на сите пријавени кандидати – Прв уписен рок (Прелиминарна ранг-листа 2026/27)

С О О П Ш Т Е Н И Е Согласно Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2026/2027 година, по објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите и се упатува до конкурсната комисија на факултетот. Кандидатите имаат право на приговор најдоцна до 25.08.2026 година, до 09:30 часот. Kaндидатите ги доставуваат приговорите на слeдната електронска адреса: medf@medf.ukim.edu.mk Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што го добивте при поднесувањето на документите (архивски печат со наведен број). Решението на комисијата по приговорот е конечно.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

ВО КОЛОНАТА ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ ДОКОЛКУ ВО ПОЛЕТО СТОИ ДА,  ТОА ЗНАЧИ ДЕКА КАНДИДАТОТ ПРИ ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ПРИФАТИЛ ДА БИДЕ ЗАПИШАН ВО КВОТАТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ, ДОКОЛКУ ИМА ДОВОЛНО БОДОВИ ДА БИДЕ РАНГИРАН ВО КВОТАТА ЗА УПИС.