Почитувани колеги,
Во рамките на одбележувањето на „Месецот на науката на УКИМ 2026“, Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има чест да Ве покани да присуствувате на настанот
„Медицината во служба на науката – Одбележување на Месецот на науката на УКИМ“
📅 18 ноември 2026 година (среда)
🕐 13:00 часот
📍 Амфитеатар на Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје
Настанот е посветен на презентација на научноистражувачките активности и резултати на истражувачките тимови од Медицинскиот факултет, со посебен акцент на проектите поддржани преку национални и меѓународни програми за научноистражувачка работа.
Во прилог е АГЕНДАТА на настанот
Ве очекуваме!
