1. Институти
  2. Институт за микробиологија и паразитологија

Институт за микробиологија и паразитологија

Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија е водечка академска и здравствена институција во областа на медицинската микробиологија и паразитологија. Лабораторијата за клиничка микробиологија е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија според стандардот ISO 15189:2022, што гарантира висок квалитет и сигурност на лабораториските анализи. Институтот обезбедува современи лабораториски услуги за дијагностика на инфективни заболувања, микробиолошки анализи и контрола на инфекции, како и едукација на студенти, специјализанти и здравствени работници.

 

Вработени доктори на медицина на Институтот за микробиологија и паразитологија:

· Проф. д-р Жаклина Цековска (раководител), специјалист микробиолог

· Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, специјалист микробиолог

· Проф. д-р Гордана Јанкоска, специјалист микробиолог

· Проф. д-р Весна Котевска, специјалист микробиолог

· Проф. д-р Ана Кафтанџиева, специјалист микробиолог

· Проф. д-р Маја Јурхар Павлова, специјалист микробиолог

· Виш науч. сор. д-р Гордана Мирчевска, специјалист микробиолог

· Виш науч. сор. д-р Лилјана Лабачевска Ѓатовска, специјалист микробиолог

· Науч. сор. д-р Кирил Михајлов, специјалист микробиолог

· Науч. сор. д-р Марко Костовски, специјалист микробиолог

· Ас. д-р Радомир Јовчевски, специјалист микробиолог

· Ас. д-р Даница Ковачева-Трпковска, доктор на специјализација

 

Во Институтот работат и инженер по биологија и лабораториски техничари, кои се дел од тимот што секојдневно обезбедува лабораториски услуги и поддршка на пациентите и здравствените институции.

Контакт за пријави и поплаки од пациенти и корисници: · mikrobiologija@medf.ukim.edu.mk · microbiology@medf.ukim.edu.mk

За сите прашања, забелешки или поплаки, Ве молиме обратете се на наведените контакт адреси.

Напомена: Во прилог на оваа порака/објава, пациентите можат да го најдат PDF документот во кој се наведени сите релевантни информации и ценовник за анализите што ги нудиме.