Декани на Медицински факултет


1.Прим. д-р Стерјо (Иван) Боздов – Ѓуша (07.01.1902-13.04.1987) е прв декан и еден од втемелувачите на МФ во Скопје. Бил афирмиран специјалист и редовен професор по предметот Хигиена, семеен лекар, директор на Хигиенско-епидемиолошкиот институт, член и претседател на Управниот одбор на Македонското лекарско друштво (МЛД) и проректор на УКИМ. Прим. д-р Боздов бил декан во два мандата (1947-1948; 1949-1950).

2.Проф. д-р Божидар Никетиќ (18.01.1899-18.03.1963) е еден од првите 19 наставници на МФ во Скопје. Бил афирмиран невропсихијатар, редовен професор по предметите Неврологија и Психијатрија, шеф на Катедрата и директор на Невропсихијатриската клиника, претседател на МЛД, а и доживотен претседател на Невропсихијатриската секција. Проф. д-р Никетиќ бил декан во два мандата (1950-1951; 1957-1958).

3.Проф. д-р Димитрије Јузбашиќ (03.09.1909-1974) е основоположник на Клиниката за хируршки болести, редовен професор по Хирургија, директор и шеф на Катедрата за хирургија и член на многубројни меѓународни стручни здруженија. Бил декан на МФ во Скопје од 1951 до 1952 година.

4.Проф. д-р Милоје Видаковиќ (28.01.1898-1974) е еден од првите 19 наставници и прв продекан на МФ во Скопје. Бил редовен професор по предметите Физиологија, Патолошка физиологија и Фармакологија, афирмиран балнеолог и претседател на Меѓународната организација на балнеолози. Проф. д-р Видаковиќ бил декан на МФ во Скопје од 1952 до 1953 година.

5. Проф. д-р Зденко Крижан (13.02.1915-23.07.2005) го одржал првото предавање на МФ-Скопје со што е свечено обележан почетокот на наставата. Бил основоположник на Институтот и Катедрата за анатомија, редовен професор по Анатомија, првиот директор на Институтот и шеф на Катедрата за анатомија. Проф. д-р Кружан бил декан на МФ-Скопје од 1953 до 1954 година.

6.Проф. д-р Глигор Муратовски (22.03.1897-11.07.1976) е основоположник на Институтот за градни болести и редовен професор по физиологија на МФ-Скопје. Бил управник на Државната болница, начелник на Одделението за туберкулоза, член на Одборот за народно здравје, претседател на Здружението на пневматолози, фтизиолошката секција при МЛД, Секцијата за борба против туберкулоза, основач и претседател на МЛД и стручното медицинско списание Македонски медицински преглед (ММП), еден од организаторите на првиот Конгрес на лекарите на Македонија и член на Основачкото собрание на Црвениот крст. Проф. д-р Муратовски бил декан на МФ-Скопје во три мандата (1954-1955; 1958-1959; 1959-1960).

7.Проф. д-р Димитрије Атанацковиќ (05.10.1914-27.07.2004) е основоположник и прв директор на Иститутот за фармакологија. Бил уредник и член на редакциите на ММП и на Научниот билтен на советот на академиите, членувал во Советот за здравје на Македонија, коавтор е на учебникот на Исак Таџер, прв секретар на Здружението на универзитетски наставници и претседател и член на Синдикатот на МФ-Скопје. Проф. д-р Атанацковиќ бил декан во два мандата (1955-1956; 1956-1957).

8.Проф. д-р Антон Чакмаков (28.02.1909-31.12.1967) бил редовен професор, шеф и директор на Катедрата за гинекологија и акушерство. Тој е еден од основачите на Синдикатот на здравствени работници, претседател на МЛД, на Здружението на гинеколози и опстретичари. Бил декан на МФ-Скопје од 1960 до 1963 година.

9.Акад. Исак Таџер (24.12.1916-17.09.2006) е основоположник на Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина. Бил реномиран академик, специјалист за нуклеарна медицина, интернист, патофизиолог, професор по Патофизиологија и Нуклеарна медицина, одговорен уредник на ММП, проректор на Универзитетот во Скопје, директор на ИПНМ, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), секретар на Одделението за биолошко-медицински науки во МАНУ и претседател на Советот на факултетот, на Наставничкиот и Научниот одбор. Автор е на првите учебници по општа и специјална патофизиологија на македонски јазик. Академик Исак Таџер бил декан на МФ-Скопје од 1964 до 1965 година.  

10.Акад. Александар Андреевски (09.02.1922-28.10.2005) е прв македонски сшпецијалист од областа на оториноларингологијата. Бил редовен професор, директор и шеф на Катедрата за ОРЛ, прв директор на Универзитетскиот центар за медицински науки (УЦМН), продекан, декан и ректор на УКИМ, дописен член, редовен член и потпретседател на МАНУ, секретар на Одделението за биолошки и медицински науки и претседател на ОРЛ секцијата при МЛД. Акад. Андреевски бил декан во два мандата (1965-1967; 1967-1969).

11.Проф. д-р Христо Дума (28.11.1919-09.01.2009) бил редовен професор по Педијатрија и Молекуларна биологија со Хумана генетика и Цитогенетика, директор на Клиниката за детски болести, шеф на Катедрата за педијатрија, член на Деканската управа, претседател на Советот на факултетот, продекан и декан од 1969 до 1971 година. Ја основал Хематолошко-цитолошката и генетската лабораторија и членувал во Советот на МФ, во Универзитетскиот совет, во управата на Здружението на лекарите на Македонија (ЗЛМ) и во Секцијата за педијатри.

12.Акад. Пенчо Давчев (15.06.1922-25.11.1995) бил интернист-гастроентеролог, основоположник на Клиниката за гастроентерохепатологија, шеф на Катедрата за интерна медицина, продекан во два мандати и декан на МФ-Скопје од 1971 до 1973 година. Акад. Давчев бил претседател на МЛД, на Персоналната комисија при Факултетската управа, основач и претседател на Секцијата по гастроентерологија и хепатологија при МЛД, член на редакцискиот одбор на ММП, на конгресниот одбор при МЛД, на Неуропсихијатриската клиника, на Управниот одбор на Интерната клиника и на МАНУ.

13.Проф. д-р Радован Перчинковски (25.09.1922-04.01.1996) е прв директор на Клиниката за кардиологија, интернист-кардиолог, редовен професор по Интерна медицина, декан на МФ во Скопје од 1974 до 1976 година, секретар на МЛД и член на Редакцискиот одбор на ММП. Бил организатор и претседател на Кардиолошката секција, потпретседател на Здружението на кардиолози на Македонија, прв раководител на Одделението за настава, истражување и развој, активен член во Црвениот крст, претседател на Комисијата за борба против алкохолизмот, член на Советот за научна работа, на Управниот одбор и на Советот на МФ-Скопје и на Советот на Ушната клиника.

14.Проф. д-р Саве Миронски (14.11.1923-16.09.2013) бил интернист, инфектолог, редовен професор, директор на Клиниката за инфективни болести, шеф на Катедрата за инфектологија, продекан, декан од 1976 до 1978 година, член на Републичкиот одбор на синдикатите, на Извршниот одбор на истите синдикати, на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика, на Судот на честа, претседател на Комисијата карантински болести, на Секцијата за инфективни болести, на Секцијата за инфектолози, секретар на МЛД, итн. 

15.Проф. д-р Љубомир Котевски (03.08.1923-10.08.2014) е основач на Клиниката за пулмологија и алергологија, интернист, пулмоалерголог, редовен професор, шеф на Катедрата за интерна медицина, директор на УЦМН, продекан и декан во два мандата (1978-1980; 1980-1982). Бил и претседател на Здружението на алерголози и клинички имунолози, член на редакцискиот одбор на списанијата МГ и ГЗМФ, итн.   

16.Проф. д-р Борислав Каранфилски (31.08.1928-) е патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина, редовен професор, директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата, проректор на УКИМ, продекан и декан од 1982 до 1984 година. Членувал во Централниот одбор на Синдикатот и бил претседател на Советот на МФ-Скопје, на МЛД и Здружението на нуклеарна медицина.

17.Проф. д-р Бранислав Никодијевиќ (12.02.1929-21.12.2009) фармаколог, редовен професор, основоположник на клиничката фармакологија, основач, прв в.д. декан и декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје, директор на Институтот предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, продекан и декан на МФ-Скопје во два мандата (1984-1986; 1986-1988). Бил советник во Светската здравствена организација, претседател на Матичната комисија, на Фармаколошкото друштво, Советот на факултетот, итн. 

18.Проф. д-р Милан Јовановски (12.10.1932-) патолог, редовен професор, директор на Институтот за патологија, шеф на Катедрата за патолошка анемија, продекан, декан на МФ-Скопје од 1988 до 1990 година, проректор на УКИМ. Бил делегат во Републичкото собрание, во Соборот на здружениот труд, раководител на Одборот за здравство и социјална политика, претседател на Советот на МФ-Скопје, на Секцијата на патолози, на МЛД, на СЗЛМ, и многу други реномирани медицински и научни здруженија.

19.Проф. д-р Илија Џонов (24.11.1943-) невропсихијатар, редовен професор на МФ во Скопје, наставник по Неврологија во Средното медицинско училиште, директор на Клиниката за нервни и душевни болести, директор на Клинички центар, прв специјалист во Македонија од областа на невромускулните болести, продекан за наука и финансии и декан во два мандата (1990-1992; 1992-1994).  

20.Проф. д-р Љубомир Чапаровски (08.03.1938-10.08.1999) бил директор и шеф на Клиниката за ревматологија, редовен професор на МФ-Скопје по предметот Интерна медицина, интернист-ревматолог, полиглот, декан на МФ-Скопје од 1994 до 1997 година и член на Европската и Светската лига против ревматизмот.  

21.Проф. д-р Милчо Богоев  (04.10.1948-) интернист-ендокринолог, редовен професор, шеф и директор на Клиниката за ендокринологија и болести на метаболизмот, шеф на Катедрата за интерна медицина, претседател на Ендокринолошката секција, на Националниот комитет за дијабетес,  декан на МФ-Скопје од 1997 до 1999 година, уредник и член на ММП, член на Редакцискиот одбор, итн.

22.Проф. д-р Јордан Савески (18.10.1945-) хирург-трауматолог, редовен професор, директор на Клиниката за трауматологија, шеф на Катедрата за хирургија, директор на Ургентниот хируршки центар, секретар на хируршката секција при МЛД, претседател на Здружението на хирурзи, продекан во два мандата, претседател на МАДОТ, декан во два мандата (1999-2001; 2001-2004), експерт за изготвување Стратегија во здравството при МАНУ и член на многу меѓународни здруженија.

23.Проф. д-р Магдалена Жантева-Наумоска (15.08.1947-) интернист-кардиолог, редовен професор, раководител на Одделението за вродени и стекнати срцеви маани и воспалителни заболувања, претседател на Одборот за последипломски студии, член на повеќе кардиолошки здруженија, продекан и прва жена декан (2004-2009) на МФ-Скопје. 

24.Проф. д-р Никола Јанкуловски (04.03.1958-) хирург, абдоминален хирург, наставник по предметот Хирургија во Средното медицинско училиште, редовен професор по Хирургија на МФ во Скопје, директор на Клиниката за дигестивна хирургија (2007-2009), декан на МФ во Скопје во два мандата (2009-2013; 2013-2016) и ректор на УКИМ во два мандата (2016-2020; 2020-2023). Член е на Стручната комисија при Лекарската комора на Македонија, на Друштвото на колопроктолози, на Американското здружение на абдоминални хирурзи, на Европското здружение на дигестивни хирурзи, на МЛД и многу други реномирани здруженија.  

25.Проф. д-р Соња Топузовска (1965-) специјалист по медицинска биохемија, редовен професор по предметите Биохемија, Клиничка биохемија, Медицинска хемија. Продекан за настава  во два мандати (2009-2013; 2013-2016) и декан на МФ во Скопје во два мандати (2016-2020 и 2020-2023). Член е на: МЛД, Здружението на доктори специјалисти по медицинска биохемија, Здружението на Балканската федерација по клиничка лабораторија (BCLF), Интернационалната федерација за клиничка хемија (IFCC).