Уште во 1944 година, во Манастирот Св. Прохор Пчински, Президиумот на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, носи решение со кое “Здравствената заштита ја прогласува за државна служба, болниците и амбулантите за државни установи, а здравствените работници за државни чиновници. Лекувањето е бесплатно. Приватните лекари се мобилизираат во државна служба, а надвор од работното време имаат право на приватна практика со утврдена цена”.
30 август 1946 година
Владата на Народна Република Македонија-Министерство за народно здравје, доставува меморандум до Владата на ФНР Југославија-Комитет за заштита на народно здравје.
“Решението на Комитетот за отварање на Медицински факултет во Скопје, усвоено на Пленарната седница од 22.05.1946 година, да се спроведе. Постојат основи и можности за формирање на клинички болници и институти за работа на факултетот” .....