Почитувани,

Сите специјализанти на Медицински факултет во Скопје и Медицински факултет во Штип, запишани на специјализација од септември 2015 година па наваму, заклучно со јануари 2018 година, кои до сега, од оправдани причини не поминале Основно одржување во живот (Basic Life Support-BLS) или пак не се ставени на Распоредот за обуки од 04-21 Мај 2018 година, слободно да се пријават во Медицински симулациски центар, Медицински факултет Скопје (оддел за специјалзиации), и Медицински факултет Штип (оддел за специјализации) најдоцна до 20-ти Април 2018 година.

Им се соопштува на специјализантите кои се запишани на специјализација на огласот во јуни 2015, декември 2015,  јуни 2016 и март 2017 година дека на ден 09.03.2018 година (петок) со почеток во 17 часот во просториите не Филолошки факултет ќе се спроведе полагање на испитот по предметот англиски јазик.

Специјализантите кои ќе го полгаат испитот потребно е најдоцна до 06.03.2018 година (вторник) до 15 часот да дојдат во Одделението за специјализации и супспецијализации да пополнат пријава. Без пополнување на пријавата специјализантите нема да можат да го полагаат испитот.

Напомена: Медицинскиот факултет превзема обврска да ги подмири финансиските трошоците само за првото полагање (пријавување)  на испитот. Доколку кандидатот поднесе пријава а не се јави на испит или не го положи испитот, трошоците за следното пријавување (полагање) ќе ги сноси самиот специјализант

Медицинскиот факултет-Скопје согласно член 144 ѓ, има обврска да ја организира и спроведе наставата по англиски јазик која е задолжителна за сите специјализанти освен оние кои се иземени поради познавање на англискиот јазик потврдено со соодветен сертификат.

Медицинскиот факултет согласно таа обврска во соработка со Филолошкиот факултет-Скопје организираше настава и тестирање по англиски јазик.

Специјализантите кои имаат задолжителна обрска за следење на наставата по англискиот јазик, Ве молиме да бидат известени за задолжително присаство, во просториите на деканатот на Медицински факултет Скопје, на закажаниот термин на кој ке им бидe посочен дел од задолжителните обврски предвидени со член од законот за здравствена заштита.

Распоредот е во листа на документи под реден број 1.

 Почитувани,

Установата Медицински симулациски центар Ве информира дека од денес (19.10.2017 година) можете да ги подигате потврдите за ATLS и PLS за специјализантите кои полагаа во дополнителниот термин.

Ве молиме при подигнувањето на потврдата со себе да ја понесете и Вашата специјализантска книшка на увид и ставање на печати.

СООПШТЕНИЕ

„Установата Медицински симулациски центар Ве информира дека СИТЕ специјализанти од Медицинскиот факултет-Скопје и Медицинскиот факултет-Штип кои се пријавија за дополнителната проверка на знаењето за AdvancedTrauma Life Support и Pediatric Life Support на 28.09.2017 година успешно ги положија тестовите за двата модула и се стекнаа со право да им се издадат потврдите за успешно завршени обуки.

Истовремено, им честитаме на сите специјализанти и воедно ги информираме дека издавањето на потврдите ќе започне од 16-ти Октомври 2017 година.“

                                      СООПШТЕНИЕ

Установата Медицински симулациски центар Ве информира дека од денес (18.09.2017) започнува пријавувањето за дополнителниот термин за  проверка на знаењето за Advanced Trauma Life Support и Pediatric Life Support за сите специјализанти од Медицинскиот факултет-Скопје и Медицинскиот факултет-Штип кои од оправдани причини не се пријавија во претходниот термин.

Пријавувањето ќе се врши во просториите на МСЦ (во работно време) и ќе трае до 25.09.2017 година.

Терминот за полагање ќе биде на 28.09.2017 година, а дополнително ќе Ве известиме за часот и просторот каде ќе се спроведе полагањето.

Специјализантите запишани на специјализација според условите во Законот за здравствена заштита објавени во Сл. весник на Рм бр. 85/15, односно запишани од 01.09.2015 година, имаат обврска согласно член 144 ѓ задолжително да познаваат најмалку два странски јазици, од кој еден англиски јазик.

Медицинскиот факултет-Скопје согласно одредбите од цитираниот член, има обврска да ја организира и спроведе наставата по англиски јазик која е задолжителна за сите специјализанти освен оние кои се иземени поради познавање на англискиот јазик потврдено со соодветен сертификат.

Медицинскиот факултет согласно таа обврска во соработка со Филолошкиот факултет-Скопје организираше настава и тестирање по англиски јазик.

Наставата (организирана во теоретски дел и вежби) во изминатата година беше следена од мал број специјализанти од кои само неколку ја завршија и обврската за подготовка на семинарска работа и нејзина презентација.

Специјализантите кои имаат задолжителна обрска за следење на наставата по англискиот јазик, а истата не ја завршиле во целост, за да добијат потврда за помината настава за општиот дел на специјализацијата (првите две години од специјализацијата) како услов за обавување на турнусите од трета година на специјализација (специјален дел), потребно е најдоцна до 11.09.2017 година да изготват пишан есеј, одноосно текст (без слики) на одбрана тема од гранката на која специјализираат. Текстот потребно е да биде од три до пет страни куцан во Microsoft Office Word со фонт Times New Roman, големина 12 и проред 1.5.

Ваквиот текст потребно е да биде пратен во електронска форма на следната е-маил адреса: ivana.popovik@yahoo.com.

Напоменуваме дека напишаниот текстот доколку биде плагијат или веќе е некаде објавуван, нема да биде признаен како самостојна семинарска работа.

Специјализантите кои го положиле испитот на Филолошки факултет, сертификатот може да го подигнат во Одделението за специјализации и супспецијализации во деканатот на Медицински факултет.

Специјализантите кои доставиле меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик со минимум ниво на познавање Б2, од Одделението за специјализации и супспецијализации во деканатот на Медицински факултет ќе треба да подигнат потврда како доказ за познавање на странски јазик на соодветно ниво согласно условите во Законот за здравствена заштита.

Со почит,

                                                                                                                      Продекан,

                                                                                                               Проф.д-р Игор Кафтанџиев

 Специјализантите кои го положиле испитот по Англиски јазик на Филолошки факултет, сертификатот може да го подигнат во Одделението за специјализации и супспецијализации во деканатот на Медицински факултет секој ден од 11 до 13 часот.

Установата Медицински симулациски центар Ве информира дека СИТЕ специјализанти од Медицинскиот факултет-Скопје и Медицинскиот факултет-Штип кои се пријавија за проверка на знаењето за Advanced Trauma Life Support и Pediatric Life Support на 27.06.2017 година  и 28.06.2017 година успешно ги положија тестовите за двата модула и се стекнаа со право да им се издадат потврдите за успешно завршени обуки.

Истовремено, им честитаме на сите специјализанти и воедно ги информираме дека издавањето на потврдите ќе започне од 15-ти Август 2017 година поради започнување на летните одмори.

 

Распоред за полагање на испитот BLS обуката на специјализантите 2018