СТУДИРАЊЕ
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Медицинскииот факултет во Скопје организира:
- ДОДИПЛОМСКА НАСТАВА
- ПОСЛЕДИПЛОМСКА НАСТАВА
- КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
ДОДИПЛОМСКА НАСТАВА
Подрачје во кое се образуваат студентите во додипломската настава на Медицинскиот факултет е биомедицина, медицина (базични, клинички и јавноздравствени науки) и здравствена нега.
Траењето на додипломските студии по медицина е 12 семестри (6 години), а на стручните студии 6 семестри (3 години).
Образованието на студиите по медицина опфаќа пет групи на предмети. Тоа се општообразовни предмети, предмети од природните науки, базични медицински науки, клинички предмети и јавноздравствени предмети (по опширно прочитајте во прирачникот “Студентски информатор” .)
Образованието на стручните студии (медицински сестри/техничари, радиолошки технолози, логопеди, аудиометриски техничари и физиотерапевти) опфаќа три групи на предмети. Тоа се општествени предмети, базични предмети и професионални предмети (поопширно прочитајте во прирачникот “Студентски информатор” .)
Со завршување на додипломските студии по медицина се стекнува стручен назив: доктор по медицина – medical doctor, MD. По завршување на додипломските студии по медицина задолжителен е приправнички стаж во траење од 6 месеци, после што се полага испит за добивање на основна лиценца (види повеќе за ова на страницата на Лекарската Комора на Македонија).
По успешно совладување на студискиот програм и одбрана на дипломската работа, студентите на студиите за медицински сестри и техничари се здобиваат со титула: дипломирана медицинска сестра (за жени), ДМС – graduate nurse и дипломинаран медицински техничар (за мажи), ДМТ – graduate medical technician.
По успешно совладување на студискиот програм и одбрана на дипломската работа, студентите се здобиваат со титула: дипломиран радиолошки технолог (радиографер) = graduate radiologic technologist (radiographer).
По успешно совладување на студискиот програм и одбрана на дипломската работа, студентите се здобиваат со титула: дипломиран логопед – graduate speech and language therapist.
По успешно совладување на студискиот програм и одбрана на дипломската работа, студентите се здобиваат со титула: дипломиран аудиометриски техничар (graduate audiometric technician).
По успешно совладување на студискиот програм и одбрана на дипломската работа, студентите се здобиваат со титула: дипломиран физиотерапевт (graduate physiotherapist).
Завршените студенти од стручните студии ја практикуваат својата активност автономно откако ќе се здобијат со диплома за завршени додипломски студии и ќе го положат професионалниот испит.
ПОСЛЕДИПЛОМСКА НАСТАВА
Факултетот изведува последипломски стручни стдудии во траење од 1 година, последипломски магистерски студии во траење од 2 години и последипломски докторски студии во траење од 3 години, а ја спроведува и постапката за стекнување на титула доктор на науки надвор од докторските студии.
Последипломски стручни и магистерски студии може да запише лице кое има завршено соодветни додипломски студии во траење од најмалку 3 години.
Последипломски докторски студии може да запише лице кое има завршено соодветни додипломски студии во траење од најмалку 3 години и завршени магистерски студии во траење од 2 години.
Настава во рамки на континуирана медицинска едукација Континуирана медицинска едукација ги подразбира сите облици на последипломско усавршување кои се организираат на Медицинскиот факултет независно од редовните последипломски студии. Учесниците можат да бидат доктори на медицина, здравствени работници и лица од други профили коишто обавуваат дејност на полето на здравствената заштита.