Препорака за лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона

Во согласност со препораките на Светска здравствена организација (СЗО), Министерството за здравство  на Република Северна Македонија и Центарот за Управување со кризи на Република Северна Македонија, ве информираме за одредени лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона.

Kонкретни мерки кои ме штитат мене и другите од инфекција

  • Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб); 
  • Избегнувајте ракување и прегрнување; 
  • Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката; 
  • Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири; 
  • Избегнувајте да споделувате храна или предмети за лична хигиена;
  • Проветрувајте ги редовно просториите во кои престојувате;
  • Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството; 
  • Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот; 
  • По потреба ставете ракавици или менувајте ги секојдневно; 
  • Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот; 
  • Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
  • Вработените кои се чувствуваат добро, но дома имаат член на семејството заразен со коронавирус задолжително да го известат својот претпоставен и да се пријават на еден од контактите кои Министерството за здравство ги споделува со цел да се добијат точни инструкции за натамошно постапување;
  • Колегите кои се заболени од сезонскиот грип препорачливо е да се задржат на домашно лекување и да не доаѓаат на работа се додека матичниот доктор не препорача дека враќањето на работа е можно и да се активира соодветно боледување.
  • Медицинските маски не се потребни за здрави лица, нив треба да ги носат лица кои имаат кивавици, кашлици и температура затоа што на тој начин помагаат во намалување на шансите за зараза на други лица. Оттука, не е потребно здрави колеги да носат маски на работното место.

Мерки кои ги превзема Медицинскиот факултет

  • Ke сe достават дополнителни антисептички средства за хигиена на раце  во сите тоалети и во сите канцеларии  (која не треба да го замени редовното миење на раце);
  • Се одложуваат сите службени патувања надвор од земјата;
  • Се одложуваат семинарите кои се закажани во просториите на Факултетот.

Препораки за приватни патувања

  • Вработените би требало да ги проучат најновите укажувања и препораки за секоја дестинација. Патувањата во странство (земјите каде е утврдено постоењето на вирусот) да ги одложите освен ако истите не се од исклучителна важност; 
  • Советуваме пред тргнување на пат да извршите лекарски преглед за да се утврди евентуално постоење симптоми на акутна болест на дишните патишта. Ако ги има, тогаш е важно да се остане дома; 
  • Оној кој ќе се разболи на пат, за тоа треба веднаш да го извести својот предпоставен.

Подолу Ве упатуваме соодветно да постапите согласно Апелот на Владата на Република Северна Македонија

,, Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје наведени на сликата подолу.

Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат.

Владата на Република Северна Македонија повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.”

Насоки за ИТНО постапување – Министерство за образование и наука

Почитувани,

Во прилог на овој допис ви ги доставуваме препораките и насоките за итно постапување во добиени од Министерството за образование и наука врз основа на Заклучокот од 11. седница на Владата на Република Северна Македонија, со цел превенција од Корона вирусот.

Ве молиме да ги почитувате сите препораки и насоки дадени во дописот.  

ЛИНК – Допис од Министерство за Здравство

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Резултати од испитот ОСНИР за студентите од Општа медицина и тригодишните стручни студии

Резулттати од испитот ОСНИР за студентите од Општа медицина прв и втор рок августовско септемвриска сесија

Резулттати од испитот ОСНИР за студентите од тригодишните стручни студии прв и втор рок августовско септемвриска сесија

Решенија за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 година

Потребни документи за запишување на примените кандидати

Општа медицина

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Општа медицина – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Општа медицина – Приватна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Општа медицина – Националности

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Општа медицина – Факултетско образование

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Општа медицина – Специјални услови

Општа медицина на англиски јазик

Академски студии за дипломиран логопед – четиригодишни студии

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Логопеди – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Логопеди – Приватна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Логопеди – Факултетско образование

Стручни медицински сестри / техничари

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Стручни медицински сестри / техничари – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Стручни медицински сестри / техничари – Приватна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Стручни медицински сестри / техничари – Вонредни студии

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Стручни медицински сестри / техничари – Факултетско образование

Физиотерапевти

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Физиотерапевти – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Физиотерапевти – Приватна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Физиотерапевти – Вонредни студии

Радиолошки технолози

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Радиолошки технолози – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Радиолошки технолози – Вонредни студии

Инженер по медицинско лабораториска дијагностика

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – Приватна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Инженер по медицинско лабораториска дијагностика – Вонредни студии

Дипломирана акушерка / акушер

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Дипломирана акушерка / акушер – Државна квота

Решение за прием на студенти – конечна ранг листа прв уписен рок 2024-2025 Дипломирана акушерка / акушер – Вонредни студии

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2024-2025.

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2024-2025 година