НАСТАВНИ БАЗИ


Факултетот дејноста може да ја врши и во наставни бази на други јавни здравствени установи, доколку во рамките на неговите внатрешни организациони единици не постојат услови за обезбедување квалитетен наставно-образовен процес за одредени предметни содржини. Условите, нормативите и стандардите за остварување на дејноста од претходниот став ги утврдува Деканатската управа, а одлука за вршење на дејноста во наставни бази надвор од Факултетот донесува Наставно-научниот совет. Врз основа на одлуката од претходниот став, деканот склучува спогодба со јавната здравствена установа – наставна база. Наставните бази од овој член немаат својство на внатрешни организациони единици на Факултетот. На Факултетот постојат следниве наставни бази:

  • ЈЗУ Универзитетска Клиника за хирушки болести “Св.Наум Охридски”-Скопје
  • ЈЗУ Институт за медицина на труд на РМ,Скопје
  • ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца “Козле”, Скопје
  • ЈЗУ Завод за физикална медицина и рехабилитација “Пресвета Богородица”- Скопје
  • Градска општа болница “8-ми Септември”-Скопје (поранешна Воена болница)
  • ЈЗУ Републички завод за трансфузиологија-Скопје
  • ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство “Чаир” Скопје
  • ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ
  • ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје”-Скопје
  • ЈЗУ Градски завод за здравствена заштита -Скопје
  • ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух,говор и глас-Скопје