Лабораторија: ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА МИКРОСКОПИЈА
Факултет: Медицински факултет
Универзитет: УКИМ – Скопје
Одговорно лице: Проф. д-р Гордана Петрушевска
  1. Примена на лабораторјата (опис):
Во рамките на Институтот за патологија, лабораторијата за ЕМ-ја како централизирана лабораторија од отворен и непрофитабилен тип ји има следната намена:
– апликативни дијагностички цели: овозможува увид во субцелуларните клеточни структури на нормалните и заболените ткива, директно наведувајќи на прецизна точна дијагноза и евентуално на поврзување на етиопатогенетските промени кои довеле до заболувањето. Тука доминантно место завземаат црнодробните заболувања, бубрежните заболувања, хематолошки заболувања, патологија на гастроинтестиналниот тракт, патологија на нервниот систем и неуромускулни дистрофии и диференцијалната дијагностика на туморите. Оваа е значајно со оглед на тоа што прецизната дијагностика на заболувањата е врзана со примена на терапија која треба да биде временски и економски оправдана, а максимално ефикасна.
– софистицирана дијагностика на заболувањата, со можност за евалуација на патогенезата на заболувањата.
– евалуација на ултраструктурните промени на ниво на клетката и нејзините макромолекули во студии кои би се работеле комплеметарно со хуманите материјали кои стојат на располагање на Институтот, и неговите лаборатории, пред се лабораторијата за клеточна култура која е екстензија на хуманата патологија во експериментални цели, а би била комплементарна со лабораторијата за молекуларни анализи како нејзин златен стандард.
–  Добивање на податоци за хемискиот состав и физичките карактеристики на макромолекули и наночестици (структура, морфологија, порозност, дистрибуција на честиците) кои директно влијаат на нивните применски својства што соодветствува на аналитичка електронска микроскопија.
– Детекција на микробиолошките агенси кои го напаѓаат хуманиот вид, животинскиот и растителниот свет.
– Тродимензионална реконструкција на субцелуларни структури и анализа на нивните морфолошки промени при различни физиолошки и нефизиолошки услови, вклучувајќи малигна трансформација на клетките, стекнувајќи увид во морфолошката експресија на промените во макромолекулите на клетката
ЕМ-ја е комплементарна со авторадиографијата, смрзнати фрактури, имуноцитохемија, електронска дифракција, крио-електронска микроскопија, елементарни анализи, квантитативна микроскопија, високо волтажна електронска микроскопија. Со комбинирана употреба на имуноелектронмикроскопски методи можно е евалуација на промените на молекуларно ниво, детекција на субклеточните молекуларни транспортни системи и нивна субцелуларна тродимензионална визуелизација. Во ова поле електрон микроскопската техника е комплементарна со техниките на молекуларната патологија и техниките за клеточни култури и ткива, всушност златен стандард на резултатите добиени со примена на молекуларните техники комплементарно на дијагностичката и научно истражувачката дејност во патолошките лаборатории, вклучувајќи ја и лабораторијата за ткивна и клеточна култура.
–          Особена е примената во фармаацервтската индустрија при визуализација на тродимензионалната структура на наночестиците и останати методи од нанотехнологијата за развој на дијагностички и терпевтски фармацевтици.
  1. Лабораторијта се користи за:
–          Апликативна здравствена дејност: дијагностика на бубрежни гломеруларни болести, диференцијална дијагностика на туморите, невромускулни болести, хематолошки заболувања.
–          Научно-истражувачка дејност: научно истражувачката дејност во моментот вклучува евалуација на промените во бубрежно ткиво под влијание на одредени фармацевтски средства (Види Прилог 1), како во евалуацијата на ултраструктурата и однесувањето на одредени наночестици како потенцијални носители на фарамаколошката активност за одредени субстанции (Види Прилог 2)..
–          Лабораторијата во моментот се користи т.е. е на располагање на стручни лица од Департмент за невропсихијатрија при Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија, САД во истражување на промените на ултраструктутно ниво во зоната на хематоенцефалната бариера кај болни со шизофренија
–          Вклучена е при реализацијата на одредени цели од научно истражувачки проект на Технолошкиот факултет, УКИМ, Скопје
  1. Какви научно истражувачки и апликативни проекти може да извршува Лабораторијата?
–          Во претходната точка се наведени проектите каде лабораторијата е вклучена во научно истражувачка и апликативна дејност.
–          Таа исто така има примена во едукативната дејност при изработка на одредени дипломски студии.
–          Искуствата од поразвиените европски институтии укажуваат на нејзината примена во здравствена дејност, биологија, технологија на храна, лекови, метали, кристалоидни субстании.
–          Изработка на истражувачки проекти кои треба да се конкурентни за ФП7 програмата обврзно налага примена на технологиите од електронската микроскопија.