Лабораторија: Лабораторија за скрининг на психоактивни супстанци
Факултет: Медицински факултет Скопје
Универзитет: Св. Кирил и Методиј
Одговорно лице: Проф. Д-р Биљана Јанеска
- Примена на лаборатоијата (опис):
Во оваа лабораторија се утврдува евентуалното присуство на хипнотици, седативи, аналгетици, психотропни супстанци и наркотични дроги. Резултатите кои се добиваат во оваа лабораторија даваат насоки за понатамошни анализи. Предмет на овие испитувања се биолошки течности.
- Лабораторијата се користи за:
Во оваа лабораторија се изведуваат испитувања во сите случаи на хомоцидни труења, суицидни, случајни, медицински, како и при употреба на отровите како средства за задоволство (морфиноманија, хероиноманија, кокаиноманија и алкохолизам).
- Какви научно истражувачки и апликативни проекти може да извршува Лабораторијата?
Во оваа лабораторија се извршуваат токсиколошки анализи на биолошки течности за научно-истражувачки проекти во кои се проучува патологијата на шизофренијата како и причините за суицидите и нивната превенција. Анализите кои се изведуваат во оваа лабораторија се дел од националната програма за следење на смртност поврзана со дроги во соработка со MCDDA.