Лабораторијата за молекуларна патологија и експериментална генска терапија на Институтот за Патологија при Медицински Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
Оваа Лабораторија функционира на Институтот за патологија од 2002 година како “Лабораторија за молекуларна патологија”, а функционираше само со базична опрема чија главнина ја сочинуваа PCR thermal cycler модел AutoQ server од LKB/General Electrics, две единици за хоризонтална електрофореза на PCR продукти во агарозни гелови (GE), Multiphor II system за хоризонтална еднодимензионална и 2D електрофореза на агарозни и полиакриламидни гелови наменета за анализа на протеини (со можност за изоелектрично фокусирање) и анализа на едноверижни конформациски полиморфизми на PCR продукти, како и еден UV трансилуминатор за визуелизација на агарозни гелови боени со етидиум бромид.
Oваа лабораторија е осовременета со набавка на следната опрема:
- Автоматизиран генски анализатор (DNA sequencer) – Applied Biosystems (S/N 23100338)
- Систем за Real-Time PCR – Applied Biosystems (S/N 275007087)
- Спектрофотометар – Тhermo (S/N 5A5P010002)
- Ultracentrifuge Fresco 21 – Thermo (S/N 41328460)
- Ultrasound generator – Sonidel (S/N 12140)
Од инсталирањето на опремата до сега, Лабораторијата работи со полн капацитет на проблематика поврзана со откривање на полиморфизми и мутации во Ret протоонкогенот кај пациенти со медуларни карциноми на тироидната жлезда и пациенти со феохромоцитоми. Во тек е обработка на туморска и соматска ДНК од 40 пациенти. Кај 17 од пациентите се веќе детектирани полиморфизми или мутации во Ret протоонкогенот, при што кај дел од пациентите се најдени и мултипни промени полиморфизми/мутации. Истражувањето се планира да заврши до средината на 2013 година, а од резултатите ќе произлезе Докторска дисертација и база на податоци за честотата и типот на полиморфизми/мутации кои може да се очекуваат кај заболените од медуларен карцином на тироидната жлезда и феохромоцитом во Република Македонија.
Лабораторијата е наменета за