ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА ПРИ иНСТИТУТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И ПАРАЗИТОЛОГИЈА,
МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, СКОПЈЕ
Лабораторијата за мoлекуларна дијагностика располага со повеќе апарати:
· Автоматски екстрактор (изолација на DNA и RNA)
· Termocycler (амплификатор)
· Real Time PCR
· Капиларна електрофореза (Мulti DNA)
· Центрифуга (до 13000 вртежи)
Во лабораторијата за молекуларни испитувања постојано се врши детекција на патогени микроорганизми од примероци на пациенти од Универзитетските клиники при Медицинскиот факултет, но и од приватните клинички болници: докажување на HPV и негова типизација, детекција на микроорганизми во крв при септични состојби (цела палета на бактерии и некои фунги), вклучувајќи и одредување на одредени гени на резистенција (mecA ген, vanА ген) итн.
За научно-истражувачки цели се врши детекција на гени одговорни за резистенција кај различни бактерии докажани во различни хумани примероци со претходно култивирање: гени кои детерминираат позитивитет за ESBL, гени кои детерминираат продукција на карбапенемаза, гени одговорни за резистенција на стафилококите кон метицилин, на ентерококите кон ванкомицин, гени одговорни за резистенција кај Acinetobacter и други мултирезистентни бактерии, итн., како и гени одговорни за вируленција кај различни бактерии (стафилококи, ентерококи, пневмококи итн).
Досегашни активности
Од досегашните активности, резултатите добиени од испитувањата за септичните состојби се презентирани на голем број конгреси и симпозиуми во земјата и странство меѓу кои за одбележување се: 8th Balkan Congress of Microbiology, Microbiologia Balkanica,V.Trnovo, Bulgaria, како и на 31st Annual Meeting of the European Society for Pediatric Infectious Diseases. Book of abstracts, Milan, Italy, Симпозиум за молекуларна дијагностика, Октомвриски средби за лаборанти и техничари, октомври, 2012, Охрид, РМ, Симпозиум за молекуларна дијагностика, Здружение на микробиолози на Македонија, 2012, Охрид, РМ, Конгрес на АЛТТС, 2013, Тара, Р.Србија.
Во изминатите две години, одржани се повеќе стручни состаноци на кои беа презентирани методите на молекуларната дијагностика кои се употребуваат во клиничката микробиологија, а воедно и беа презентирани претходно постигнатите резултати пред колегите од различните Универзитетски клиники – корисници на микробиолошки услуги.
Одговорно лице на лабораторијата е проф.др.Елена Трајковска Докиќ