Лабораторија: Форензична ДНК лабораторија
Факултет: Медицински факултет Скопје
Универзитет: Св. Кирил и Методиј
Одговорно лице: Проф. Д-р Алексеј Дума
1.            Примена на лабораторијата (опис) :
ДНК лабораторијата има учество во повеќе дејности од сферата на форензичните идентификациони постапки, клиничката фармакогенетика и во клиничката дијагностика.
2.            Лабораторијата се користи за:
Апликативната дејност на ДНК лабораторијата се огледува  во вештачењето на биолошките траги поврзани со криминалните деликти, вештачењето на патернитети, изработката на популациските студии преку кои се врши статистичка обработка на добиените резултати за популацијата на Република Македонија.
Исто така се вршат анализи на митохондријална ДНК молекула која е посебно битна во вештачењето на стари биолошки траги.
Со воведувањето на нови методи ќе се овозможи воведување на клиничка дијагностика на генетски заболувања како рак на дојка, мултиплекс склероза, мијастенија гравис, ХПВ, цистична фиброза и други.
Во подем е и фармакогенетиката со која ќе се овозможи пренатално и постмортално дијагностицирање на одредено генетско заболување или предиспозиција кон заболување.
3.            Какви научно- истражувачки и апликативни проекти може да извршува лабораторијата?
Во ДНК лабораторијата до сега се работат два научно истражувачки проекти од кои еден е финансиран од Министерството за наука на владата на Република Македонија, а вториот е меѓународен проект со Институтот за молекуларна биологија во Љубљана. Исто така во досегашната работа на ДНК лабораторијата публицирани се околу дваесет научни трудови испечатени во домашни и меѓународни списанија и презентирани на меѓународни и светски конгреси. Форензичната ДНК анализа е и предмет на проучување на студентите по медицина, стоматологија, правниците и студентите на факултетот за безбедност.