Лабораторијата за биохемиски испитувања (ЛБИ) која е составен дел на Институтот за медицинска и експериментална биохемија при Медицински факултет-Скопје е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија.
Раководител на ЛБИ е доц.д-р Светлана Цековска.
Сертификатот за акредитација Бр. ЛТ-038 потврдува дека се исполнети барањата од стандардот МКС EN ISO/IEC 17025: 2006. Важноста на сертификатот е од 03.06.2013 година до 02.06.2017 година. Лабораторијата е акредитирана за:
- хематолошки испитувања (диференцијална крвна слика и брзина на седиментација),
- макроскопско испитување со тест ленти (густина, боја, волумен, глукоза, билирубин, ацетон, еритроцити-хемоглобин, протеини, уробилиноген нитрити),
- микроскопско испитување на урина (седимент на урина, леукоцити, ертироцити, епителни келтки, хијалински цилиндрни, бактерии, слуз, кристали, соли),
- определување на концентрација на електролити (калциум, хлориди, натриум, калиум),
- определување на каталитичка активност на ензими (аланин аминотрансминаза, аспартат аминотрансаминаза, алкална фосфатаза, лактат дехидрогеназа, γ глутамил трансфераза, креатин киназа, α амилаза
- определување на концентрација на субстанци (билирубин , вкупен, билирубин директен, креатинин, уреа, вкупен калциум, глукоза, вкупен хоестерол, уратна киселина, дфосфати-аноргански, железо, триацилглицероли, албумин, вкуни протеини)
- дроги во урина-квалитативен преглед (етанол, амфетамин, метамфетамин, екстази, барбитурати, бензодиазепини, марихуана, кокаин, опијати, метадон, котинин, трициклични антидепресиви
- определување на хормони (фоликуло-стимулирачки хормон и хуман хорионски гонадотропин)
- детекција на вируси (HBs Ag, Anti-HIV-1/anti-HIV-2, Anti-HCV и HCV Ag)
Определување на концентрација на субстанцa
Билирубин-вкупен
Билирубин-директен
Креатинин
Уреа
Вкупен калциум
Глукоза
Вкупен холестерол
Уратна киселина
Фосфати-аноргански
Железо
Триацилглицероли
Албумин
Вкупни протеини
Дроги во урина-квалитативен преглед
Eтанол
Амфетамини
Метамфетамини
Екстази
Барбитурати
Бензодиазепини
Марихуана
Кокаин
Опијати (Морфин)
Метадон
Котинин
Трициклични антидепресиви
Детекција на вируси
HBs Ag
Anti-HIV-1/anti-HIV-2
Anti-HCV и HCV Ag
Определување на хормони
Фоликуло- стимулирачки хормон
Хуман хорионски гонадотропин