Лабораторија: Лабораторија за форензична патологија
Факултет: Медицински факултет Скопје
Универзитет: Св. Кирил и Методиј
Одговорно лице: Проф. Д-р Здравко Чакар
- Примена на лаборатоијата (опис):
Во овој оддел се извршуваат судско-медицински обдукции, со цел да се утврди причината за смртта, начинот на смртта (природна, насилна), динамика на умирањето, откривање и верификување на повредите, откривање на механизмот на повредување, утврдување на виталноста на повредите (заживотно, агонално, посмртно), утврдување на точноста на поставена дијагноза, начин на лекување и применета терапија, утврдување или исклучување на состојби кои придонеле за смртен исход, утврдување времето на смртта, идентификација на лешот, идентификација на средството со кое се нанесени повердите.
- Лабораторијата се користи за:
Судско-медицинска обдукција се изведува во случаи на насилна смрт (смрт предизвикана исклучиво под дејство на егзогени фактори), ненадејна смрт вкулучувајќи и смрт на новородено, незнаена смрт, сомнителна смрт, насилство врз човековите права како што е тортура или некпој друг вид на болно однесување, смрт на лица кои се приведуваат од истражни органи или се наоѓаат во притвор или на отслужување затворска казна, смрт при воена активност, смрт во текот на хируршки интервенции или други дијагностички инвазивни методи, смрт при технолошки или елементарни катастрофи, неидентификувани и скелетизирани тела, во сите случаи според Законот за кривична постапка и Законот за здравствена заштита.
- Какви научно истражувачки и апликативни проекти може да извршува Лабораторијата?
Научната дејност е поврзана и произлегува од здравствената и апликативната, при што нејзината основна цел е усвојување на нови современи методи и техники кои би можеле да се аплицираат во судско-медицинската пракса, како и анализирање и следење на испитуваните појави од судско-медицински, односно безбедносен и здравствен аспект. Научната дејност се реализира со изработка на базични, билатерални и мултидисциплинарни национални и меѓународни проекти, докторски дисертации и магистерски и научни трудови од областа на судската медицина и криминалистика. Досега се успешно завршени проектите “Застапеноста на гамаглобулинската група (Гм) во СР Македонија и нејзината примена во форензичната медицина”, “Непознати ткива и нивната полова детерминација од судско-медицински аспект”, “Невропатолошки студии кај шизофренијата” “Дијатомеите во судско-медицинската и криминалистичката експертиза на утопувањето”, “Одредување на времето на смртта во раниот постмортален период” и”Голџиеви студии на шизофренијата”.