Конкурс 2025/2026 куси информации
📢 Оглас за упис – Медицински факултет, УКИМ
Започнува конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на Медицинскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за академската 2025/2026 година.
📅 Рокови за пријавување:
- Прв рок: 19 и 20 август 2025
- Втор рок: 11 и 12 септември 2025
- Трет рок: 24 септември 2025
- За странски студенти: до 29 септември 2025
📌 Пријавување:
- Онлајн регистрација на: www.upisi.ukim.mk
- Потребни се оригинални документи и електронска пријава од iKnow системот
- Детален список на документи е наведен во конкурсот
🎓 Студиски програми:
- Општа медицина (на македонски и англиски јазик)
- Медицински сестри/техничари
- Радиолошки технолози
- Логопедија
- Физиотерапија
- Медицинско-лабораториска дијагностика
- Акушерство
- Оптометрија
ℹ️ Важно:
- Селекцијата се врши врз основа на успехот од средното образование и државната матура.
- За сите студиски програми, задолжителен екстерен предмет е мајчин јазик, а изборниот е математика или странски јазик, со интерни предмети биологија, хемија или физика (во зависност од образованието)