1. Студирање
  2. Магистерски студии
  3. Двегодшни академски студии

Двегодшни академски студии

Почитувани,


Доктори на науки и магистри по јавно здравство при Медицинскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со цел да се соберат сите значајни податоци за кандидатите кои успешно ги завршиле докторските и магистерските студии по јавно здравство.  Ве молиме да го пополните формуларот на следниот линк https://forms.gle/s1WzYoc4typuvurs8 .

Овие податоци се основа за изработка на печатено издание – Алманах – кој ќе овозможи преглед на академските и професионалните достигнувања на докторите на науки и магистри по јавно здравство, како и информации за нивната моментална позиција и работни ангажмани.

Алманахот е наменет за зајакнување на мрежата меѓу поранешните и сегашните доктори на науки и магистри по јавно здравство, како и за поттикнување на нови форми на професионална соработка, размена на знаења и унапредување на здравствената едукација и пракса.


Алманахот ќе биде објавен на македонски и англиски јазик.

Ве молиме формуларот да го пополните соодветно — во полињата за македонски јазик пополнете на македонски, а во полињата за англиски јазик — на англиски.

Со почит,

Проф. д-р Фимка Тозија

Претседател на Наставно-научен колегиум по јавно здравство

  1. Магистерски труд од Изаир Иљази на тена ПРОЦЕНКА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕTO ВО ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  2. Кристина Манолчева ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА МУСКУЛНОСКЕЛЕТНИТЕ НАРУШУВАЊА КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА – магистерски труд