Почитувани колеги,
Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ ќе спроведе
студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE
2019) за поддршка на иновациите кај студентите на УКИМ. Идејата е
студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој
на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички
вештини. Напоменувам дека програмата е замислена да биде отворена за
сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на
мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани
од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за
поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.
Повеќе детали за програмата може да се најдат на:
ИНОФЕИТ објавува програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2019 — ФЕИТ – feit.ukim.edu.mk |
http://inno.feit.ukim.edu.mk/?page_id=385
Сите заинтересирани ги каниме на отворените денови на програмата
INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во
просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите,
очекувањата и самиот тек на натпреварот.
Ве замолувам да ја проследите оваа информација до вашите колективи и
истовремено да ги охрабрите вашите студенти да се пријават.
Со почит,
Проф. д-р Димитар Ташковски
Декан на ФЕИТ