ЗДРУЖЕНИЕ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА – ЗСМ
Здружението на студенти по медицина – ЗСМ е доброволно, непрофитно, невладино здружение на студенти по медицина. Формирано е со слободно здружување на студентите заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на статусот на студентите по медицина во граѓанското општество и медицинската фела, како и заради вршење на дејности и активности за подигање на јавната свест, зајакнување на волонтерството и унапредување на можностите за вмрежување на студентите по медицина.
Активностите и проектите на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ произлегуваат од целите на Здружението како и од потребите на целните групи, а тоа се студентите по медицина и медицински науки на државните универзитети.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗСМ
Основи цели и задачи на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ се:
- Дисеминација на знаења и пренесување на искуства поврзани со медицинските науки;
- Подигање на јавната свест и едукација на општа популација за актуелни теми во општеството, а поврзани со медицинските науки кои ги изучуваат студентите;
- Застапување на интересите и претставување на студентите по медицина пред факултетите за медицина и медицински науки, институциите и општата популација во државата;
- Земање активно учество во креирањето на политиките поврзани со процесите на студирање;
- Штитење и унапредување на правата и статусот на студентите по медицина и медицински науки;
- Обезбедување помош во остварувањето на правата на секој студент во нивните студии кои произлегуваат од законите, статутите на факултетите и другите правилници кои ги опфаќаат студиите на студентите по медицина;
- Зајакнување на волонтирањето и социјалната одговорност со цел да се намали дискриминацијата помеѓу студентите од различен социјален статус, различна етничка и национална припадност, притоа поттикнувајќи ги на заедничка соработка.
Работата на Здружението ја координира и надгледува Извршниот одбор, додека активностите и проектите се реализираат од страна на Одбор за јавно здравје, Одбор за медицинска едукација, Одбор за студентски права и политики и Одбор за меѓународна соработкa.
КОНТАКТ
- Адреса: ул, „Водњанска“ број 31, Скопје
- e-mail: zsmskopje@gmail.com
- тел: + 389 71 225 401
- Facebook: fb.com/zsm.mk
- Instagram: @zsm.mk