Почитувани колеги,

            Ве информираме дека со одлука на ННС од 18.04.2018 год на Медицинскиот факултет е формиран Центар за континуирана медицинска едукација (КМЕ), како внатрешна организациона единица на Факултетот. Улога на Центарот е да ја организира, унапредува и координира КМЕ на Медицинскиот факултет. Центарот ќе функционира во соработка со Лекарската комора на Р. Македонија и Македонското лекарско друштво. Деталите околу целите, структурата и активностите на Центарот, Правилникот за неговата работа како и деталите околу начинот на пријавување/финансирање/организација на едукативните активности до објавување на документите на веб страната на Медицинскиот факултет ќе ви бидат достапни преку адресата: contact.kme.medf@gmail.com 

 

Ги покануваме катедрите во рамките на своите надлежности да започнат со пријавување на едукативни активности (предавања, работилници, симпозиуми…), кои понатаму, зависно од тоа дали активностите сакате да бидат и акредитирани, ќе бидат процедурирани за акредитација во Лекарската комора. Содржините на едукативните активности треба да ги покријат областите во примарната заштита/специјалностите и субспецијалностите. Покрај тоа, може да се вклучат и теми од базичните науки, дисциплините на клиничката медицина и медицинскиот менаџмент.    Пријавата до комплетирање на веб страната е прикачена, а сите други потребни документи (жиро сметката на медицински факултет, евалуациониот и анкетниот лист) можат да се добијат на contact.kme.medf@gmail.com