Почитувани колеги, деловни пријатели и соработници,
Со особено задоволство Ве информираме дека ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје во соработка со Здружението за Хематологија на Македонија ја организира 1та Северно Македонска работилница за трансплантација на коскека срцевина со меѓународно учество; 500 трансплантации: идни прерспективи и предизвици. Овој професионален настан ќе се одржи периодот од 12-13.04.2019година во просториите на Деканатот на Медицинскиот Факултет-Скопје при Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Република Северна Македонија. Од 2000 година, кога современа тераписка опција, трансплантацијата на коскена срцевина беше воведена на нашата Клиника за пациентите со малигни хематопоетски заболувања, до денес повеќе од 500 интервенции се спроведени, од кои само 57 во 2018 година. Тогаш за прв пат нашата Клиника и во нашата држава успешно ја воведовме и најсложената и најсофистициранта современа тераписка процедура во современата медицина, несродната трансплантација на коскена срцевина. Исто така, во јануари 2019 година, Клиниката потпиша и меморандум за соработка со Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје и започнавме со изведување и на алогени, сродни и несродни трансплантации кај деца постари од 3 години. Воведувањето на новите методи и јубилејот 500 спроведени трансплантции е повод за организација на научен состанок посветен на трансплантација. Името на работилницата е 500 трансплантации, идни перспективи и предизвици. Како домаќини очекуваме присуство на околу 60 учесници од земјата и странство, при што ќе се потрудиме Скопје и Македонија, а особено македонската хематологија и прогамата за трансплантација на матични хематопоетски клетки , да ги претставиме во што поубава светлина. Се обидеовме да го осигураме најдоброто за нашите колеги. Нудиме кратка, но сеопфатна и интересна програма. Избраните говорници се водечките експерти од областа на трансплантцаијата во регионот и светот.Со нив, учесниците ќе имаат можност и за непосредна интеракција во тек на работилницата. Детални информации за претстојната работилница може да најдете на следниот линк:
www.workshop.zhm.mk
Слободно, споделите ја информацијата за овој исклучителен настан со вашите колеги. Сите заинтересирани здравствени работници се добредојдени. Регистраијата е бесплатна. Сепак побрзајте, ограничен е бројт на учесници. Работилницата е акредитирана до страна на Националното лекарско здружение и Лекарската комора на Северна Македонија. Ве очекуваме и Ви посакуваме успешно учество на престојната работилница.
Скопје, 24.03.2019
Со почит, ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје & Здружението за Хематологија на Македонија