Промена на обврската за плаќање на административна такса

Почитувани студенти,

           Ве информираме, дека  студентите,  НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ  АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА   за пријавите за испити, обрасците за  запишување и за заверка на семестар, согласно  чл. 92, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).

 член 92

„Барањата за издавање на управни и реални акти, согласно Законот за  општата управна постапка, односно барањата за остварување на заштита на  правата и правните интереси на студентите подлежат на административна такса согласно со Законот за административните такси, освен барањата за издавање на оргинал-уверенија и оргинал-дипломи за завршени студии, како и за други дејствија за кои не се плаќа такса согласно со закон.

Пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на админитративна такса“

  29.05.2019 година                                          Од Деканатот,