Лабораторија: Лабораторија за форензична токсикологија
Факултет: Медицински факултет Скопје
Универзитет: Св. Кирил и Методиј
Одговорно лице: Проф. Д-р Биљана Јанеска
- Примена на лаборатоијата (опис):
Во оваа лабораторија се утврдува евентуалното присуство на отрови (хипнотици, седативи, аналгетици, психотропни супстанци и наркотични дроги, пестициди, корозиви, испарливи супстанци и гасови), нивната природа, а кога е возможно се одредува и количината на присутниот отров, како и распоредот на отровот по различни внатрешни органи, што е многу значајно за донесување на заклучок за природата на труењето. Предмет на токсиколошките испитувања се биолошки течности и делови од внатрешни органи од отруените лица, секрети, екскрети, сомнителни течности, прашоци и таблети.
- Лабораторијата се користи за:
Во оваа лабораторија се изведуваат испитувања во сите случаи на хомоцидни труења, суицидни, случајни, медицински, професионални труења, како и при употреба на отровите како средства за задоволство (морфиноманија, хероиноманија, кокаиноманија и алкохолизам) и се дава стручно мислење. Во недостаток на други соодветни лаборатории се вршат и вештачења на биолошки материјал од животинско потекло.
- Какви научно истражувачки и апликативни проекти може да извршува Лабораторијата?
Во оваа лабораторија се извршуваат токсиколошки анализи на биолошки течности и делови од ткива за научно-истражувачки проекти во кои се проучува патологијата на шизофренијата како и причините за суицидите и нивната превенција. Во иднина, би можело да се извршуваат и токсиколошки анализи на коса, за целите на овие и други научно-истражувачки проекти.