Покана за тематска седница на ННС на ден 20.11.2023 година со почеток во 12 часот
Конкурс за пријавување за кратка специјализација и супспецијализација (DFMS) и (DFMSA) во Франција е отворен
Конкурсот за пријавување за кратка специјализација и супспецијализација (DFMS) и (DFMSA) во Франција е отворен.
Повеќе информации на следниов линк : https://med.unistra.fr/formations/formation-permanente/dfms-a
Краен рок за прво пријавување: 12 декември 2023
Краен рок за доставување на документи : 15 јануари 2024 !
За повеќе информации може да се обратите до одделот Кампус Франс во Францускиот институт во Скопје.
Лице за контакт: Сузана Пешиќ / suzana.pesik@ifs.mk
Известување за полагање практичниот дел за специјализантите за ПЛС испитот
И З В Е С Т У В А Њ Е
Се извесуваат специјализантите кои треба да полагаат практичен дел на ПЛС испитот од 06.11.2023 до 22.11.2023 година дека термините за полагање објавени на веб страната на Медицински симулациски центар и на веб страната на Медицинскиот факултет се фиксни и не се дозволени рокади и промени за полагањата освен:
-оправдана причина (болест, бременост и елементарни непогоди)
-интервенции во хирурушка сала (операции и животозагрозувачки состојби)
-итни и недоложни дежурства (со доказ-копија од распоред)
Со почит,
Сектор за нормативно-правни, управни работи и човечки ресурси
Медицински симулациски центар
e-mail: msc@zdravstvo.gov.mk
тел. 02/3112-276
Покана за наставно научен совет на 06.11.2023 година
Конкурс за стипендирање на 20 студенти по медицина Фондација ,,Трајче Мукаетов”
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
Интерен конкурс за избор на демонстратори
О Д Л У К А
за избор на претставници во комисиите на Факултетското студентско собрание на
Медицински Факултет-Скопје
Субвенциониран студентски оброк
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината
Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.
Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк.
Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува сите квалификувани студенти, кои веќе добиле порака од банката со точно место и време за подигнување на својата наменска картичка, истото да го сторат навремено, со цел од месец октомври да можат да ги користат истите на територија на целата држава.
Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.
Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои веќе ги подигнале своите картички можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи во сите продажни места низ државата за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети.
Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности.
Оние квалификувани студенти, кои не успеале досега да ги ажурираат своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, – и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal.
За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.