Упис и заверка на семестар за Трет циклус студии-докторски студии

Се известуваат сите студенти дека уписи заверка на семестар за Трет циклус студии-докторски студии ќе се врши во периодот од 26.01.2021 до 10.02.2021 година.

Потребни документи:

– Индекс;

– Пријавен лист за заверка на семестар;

– Пријавен лист за упис на семестар

– Две уплатници од по 50,00 ден. за административна такса.

– Уплата за семестар:

Жиро сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник 160011151778813

Приходна шифра 723119-41

Депонент – НБРМ

Распоред на студенти кои ќе го полагаат испитот Инфектологија

Во прилог е списокот на студенти кои ќе го полагаат испитот по предметот Инфектологија во Августовско Септемвриската испитна сесија.
На листата е дадена денот, саатнината, просторијата и Професорот кај кој студентот го полага испитот.
Листа за полагање

Известување за полагање за предметот ОСНИР

Полагање ОСНИР:
Во првиот испитен рок на 29.05, ОСНИР ќе полагаат СТУДЕНТИ МЕДИЦИНА во
Амфитеатар II. Испитот почнува во 08 часот.
Во првиот испитен рок на 29.05, ОСНИР ќе полагаат СТУДЕНТИТЕ НА
ТРИГОДИШНИТЕ СТРУЧНИ СТУДИИ (мед. сестри, логопеди, рад.технолози и
физиотерапевти) во Амфитеатар III-Интерни клиники. Испитот почнува во 08 часот.

Во вториот испитен рок на 12.06, ОСНИР ќе полагаат СТУДЕНТИ МЕДИЦИНА во
Амфитеатар II. Испитот почнува во 08 часот за студенти чие што презиме започнува со
буквата А до буквата K (вклучително). Во овој термин ќе полагаат и старите
студенти. Студентите чие што презиме започнува со буквата Л, па до крајот, односно
буквата Ш, ќе полагаат во истиот амфитеатар од 10,00 часот.

Во вториот испитен рок на 12.06, ОСНИР ќе полагаат СТУДЕНТИТЕ НА ТРИГОДИШНИТЕ
СТРУЧНИ СТУДИИ (мед,сестри, логопеди, рад.технолози и физиотерапевти) во Амфитеатар
III-Интерни клиники. Испитот почнува во 15 часот за студентите на програмите за
медицински сестри и логопеди, а во 17,30 часот за студентите на програмите за
радиолошки технолози и физиотерапевти.

Резултатите од испитот ќе бидат објавени на Огласната табла на Интерни клиники на 18 или
19.06, кога се очекува да биде објавена и завршната оценка. Истовремено ќе бидат дадени и
информации за датумите за увидот во испитот, потписите и оценките.