Во прилог Ви ги праќаме анкетати: „Перцепција на студентот за квалитетот на наставата“ и „Перцепција на студентите за општите услови за студирање“на следниов линк anketi.ukim.mk
Напоменуваме дека пополнувањето на анкетата е задолжително, во спротивно нема да имате можност да продолжите со тековните активности од студиската програма на која сте запишани.
Анкетирањето мора да биде завршено најдоцна до 25.06.2024 година до 23:59 часот.
Почитувани студенти, предавањето за изборниот предмет Прва медицинска помош ќе се одржи на 17.05 во 13часот на Катедрата по анестезиологија со реанимација. Присуството на пријавените студенти е задолжително.
Почитувани студенти, изборниот предмет ЕКГ во организација на проф.др Љубица Георгиевска Исмаил и проф.др Лидија Попоска, ќе се одржува од 27.05 до 30.05 од 14-17 часот во амфитеатарот на Клиника за кардиологија (по договор термините може да се изменат =вторниот, третиот и четвртиот ден). Присуство на СИТЕ четири дена е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Ве молам, студентите што се пријавија за слушање на предметот, но и други студенти (непријавени) уште 10-15, да го потврдат своето учество на мејл кај професорките, најдоцна до 15.05.2024.