Повик за аплицирање за програма за меѓународна стипендија за извонредност (IES)


IES е германска младинска организација која работи на меѓународно ниво од 20 години фокусирана на поддршка на студенти од Источна Европа, Кавказ и Централна Азија. Со 6-месечната стипендија Меѓународна програма за стипендии за извонредност (IES), COPERNICUS BERLIN има за цел да обезбеди еднаков пристап до висококвалитетно образование и интензивна културна размена помеѓу Истокот и Западот. Повеќе информации IES: https://www.copernicusberlin.de/ies

Веќе имавме многу добри носители на стипендија од Северна Македонија и би сакале да поддржиме повеќе студенти од вашата земја. За подобро да се запознаете, ви препорачуваме да го погледнете следното интервју со нашите носители на стипендија: https://www.youtube.com/watch?v=PMssJ7KtUJ0&t=1227s

КОПЕРНИКУС БЕРЛИН социјалните мрежи:

Фејсбук: https://www.facebook.com/CopernicusBerlin/

Инстаграм: https://www.instagram.com/copernicusberlin

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCeOTlYKetYu3sq7Y48SaTUw

Твитер: https: //twitter.com/CopBerlin

Linkedin: https://www.linkedin.com/company/copernicusberlin



Контакт за било какви прашања е-пошта: info@copernicusberlin.de

Интерен конкурс за избор на демонстратори за учебната 2020/2021 година


Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018), одлуката од Наставно-научниот совет на Факултетот бр. 02-4595/65 од 17.11.2020 година и член 20 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје распишува интерен конкурс за избор на демонстратори, како помошници во наставно-образовниот процес на првиот циклус студии, а за потребите на Медицинскиот факултет во Скопје за учебната 2020/2021 година

Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје


Деканот на Факултетот на ден 19.11.2020 година, ја донесе следната ОДЛУКА за распишување на избори за претседател и Членови на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје:

Проект на Британскиот совет со наслов „Програма за унапредување на улогата на науката“


Програмата е наменета за студенти, постдипломци, докторанти и истражувачи од образовните институции и има за цел да придонесе кон градење на отпорност и издржливост на државите, заедниците и граѓаните низ регионот на Западен Балкан кон пандемијата со ковид-19 и нејзините неповолни влијанија, преку промовирање на науката и користење на научните докази.

За повеќе информации прочитајте го следниот документ:

Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет во период 10.11-20.11.2020г., го организираат својот 20ти конгрес


Почитувани, 

Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет во период 10.11-20.11.2020г., го организираат својот 20ти конгрес. По тој повод Ве покануваe денес 10.11.2020г (вторник),  со почеток во 18.30ч., да го проследиме заедно нашиот симпозиум на тема: 

Скоприл Комбо – Моќ и Контрола 

Предавач на настанот:

Проф. д-р Марија Вавлукис – ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија – Скопје.

Линк за програма на конгресот :  https://cong2020.mld.mk/

Во продолжение тек за приклучување на настанот.  

Доколку се вклучувате првпат потребно е да инсталирате клиент апликација, која можете да ја преземете од линкот

https://global.gotomeeting.com/install/436707213

Дополнително упатство за инсталација на GoToMeeting client можете да најдете со клик на следниов линк

https://support.goto.com/meeting/help/download-now-g2m010002

Од кога ќе ја инсталирате апликацијата ве молиме да пристапите кон следниов линк.

https://www.gotomeet.me/MacedonianMedicalAssociation/скоприл-комбо—моќ-и-контрола-алкалоид

Исто така, доколку користите Chrome web browser можете да ја посетите следнава адреса

https://www.gotomeeting.com/meeting/join-meeting  и внесете го ID на состанокот ( ID : 436-707-213) или името на просторијатa за да се придружите на настанот  

Добитиник на признанието “Проф. д-р Епса Урумова”

Добитник на признанието “Проф.Д-р Епса Урумова” за најдобар научен труд објавен во медицинско списание за 2019 година е асистент д-р Александар Сенев, од Институтот за имунобиологија и хумана генетика. Во прилог презентација од наградениот труд објавен во American Journal of Tranplantation, апстрактот од трудот и биографијата на кандидатот.

-Abstract

Senev -Specificity, strength and evolution of preDSA

CV Senev_MK 11.2020

Конкурс за стипендирање на студенти по медицина и студенти по фармација


Фондацијата ,,Трајче Мукаетов” – Скопје во насока на реализирање на своите програмски одредби и програмата за работа на фондацијата за 2020 година, за студентите од Медицински факултет и студентите од Фармацевтскиот факултет објавува конкурс за стипендирање на 20 студенти по медицина и конкурс за стипендирање на 20 суденти по фармација.

За да се запознаете со условите за доделување на стипендијата, потребните документи како и начинот на пријавување отворете го документот подолу.

Интерен конкурс за избор на демонстратори


Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје распишува интерен конкурс за избор на демонстратори, како помошници во наставно-образовниот процес на првиот циклус студии, а за потребите на Медицинскиот факултет во Скопје за учебната 2020/2021 година.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.