Почина Проф. д-р. Борислав Каранфилски, доајен на нуклераната медицина и патофизиологија, поранешен Декан на Медицински факултет


Професор Борислав Каранфилски е роден е 1928 година во Куманово. Дипломирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде е избран за редовен професор во 1977 година.

Со звањето доктор на медицински науки се здобил 1961 година, а специјализирал патофизиологија и нуклеарна медицина во повеќе центри во земјата и странство, меѓу кои Воено-медицинската академија во Белград (1957), Каролинска Институтот (1950), Институтот за постдипломско усовршување на лекарите во Москва (1960), Медицинската школа на Харвард во Бостон (1965), Универзитетот во Единбург (1970) и Универзитетот во Чикаго (1975).

Професорот Каранфилски е еден од втемелувачите на нуклеарната медицина во нашата земја и постојано активен во нејзиниот развој. Посебен придонес има за основање на Амбуланта за заболувања на тироидната жлезда што во континуитет ја развивал и унапредувал.

Како редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, бил наставник по предметите патофизиологија и нуклеарна медицина и изведувал настава за студентите по медицина, стоматологија и фармација, постдипломска настава на Медицинскиот факултет во Скопје, на Природно – математичкиот факултет (група биологија) во Скопје, на Медицискиот факултет во Љубљана и во Школата за примена на радиоактивните изотопи на Институтот за нуклеарни науки во Винча.

Постигнал забележителни резултати во научно-истражувачка работа, особено во изучувањето на патологијата на тироидната жлезда. Успешно реализирал повеќе научно-истражувачки проекти, финансирани од научни фондови во земјата и странство. Реализирал два истражувачки проекти од областа на јодниот дефицит во Босна и Херцеговина. Бил ментор на поголем број магистерски трудови и докторати.

Автор е на 223 труда објавени во домашни и странски медицински списанија.Исто така бил автор или коавтор на осум учебници и пет монографии од областа на патофизиологија и нуклеарна медицина.

Во својата кариера, Проф. Каранфилски извршувал и значајни општествени стручни функции, меѓу кои продекан и декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, претседател на Македонско лекарско друштво, претседател на Здружението за нуклеарна медицина на Југославија и претседател на Заедницата на медицинските факултети на Југославија.

Членувал во повеќе регионални и меѓународни здруженија. Од 1997 е  претседател на Националниот комитет за јоден дефицит при Министерството за здравство и национален координатор во Глобалната јодна мрежа.

За неговата научна, здравствена и општествена активност му се доделени бројни општествени признанија меѓу кои: Државна награда „11 Октомври” за животно дело (1986), Државна награда „Гоце Делчев” за постигнати резултати во научната работа (2005), Повелба „Д-р Трифун Пановски” за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развој на здравствената заштита во Македонија, Плакета за придонес во развојот на високообразовната и научната дејност и за афирмација на Медицинскиот факултет во земјата и странство (2017) и Државна награда „Св. Климент Охридски“ во областа на здравството (2018).

Професорот Борислав Каранфилски  беше еден од доајените на патофизиологијата, нуклеарната медицина и тироидологијата.  Беше првиот асистент на професор Таџер, првиот слушател на Курсот за примена на радиоизотопи во Винча, првиот од Македонија со сертификат за работа со радиоактивност.  Но, кога се зборува за тироидологијата тука би се ставило знак на равенство со професорот Каранфилски. Тој ја издигна Тироидната единица на Институтот за патофизиологија на едно високо професионално  ниво, создавајќи  национална тироидна институција, признаена и препознаена  во државата и надвор од неа. Ако професорот Таџер ги постави темелите, професорот Каранфилски  со децении го градеше и одржуваше Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина,  неговата Алма матер. Со неговиот придонес на Факултетот каде што беше декан и на Универзитетот каде беше проректор остави неизбришливи траги во нашето високо образование

Бројни се проектите во кои професорот Каранфилски остави свој печат, но во прочувањето на  јодниот дефицит остави најдлабоки траги. Неговиот придонес како национален координатор и претседател на Националниот комитет а јоден дефицит доведе до тоа да Македонија биде една од 12те земји во кои е ерадициран  и одржлив јодниот дефицит. Тука доаѓа до израз неговиот исклучитечно педантен и посветен однос кон  работата, преку кој достигнуваше врвни резултати, со кои ретко кој во нашата средина може да се пофали.  Со тоа нашата земја стана пример во елиминацијатана јодниот дефицит и неговите последици по здрајето на населението и даде значаен придонес во глобалните напори за нивното надминување.

На сите нас кои бевме негови ученици, особено соработници беше пример за тоа како може да се одржува паралелно кариера на извонреден секогаш спремен професор и истовремено врвен интелектуалец кој знаеше што се  случува во светот на науката, културата, уметноста  и општествено политичкиот живот. Беше извонредно организиран, ефикасен, максимално посветен на работата, успевајќи на сите полиња да постигне врвни резултати. Ќе остане во нашите сеќавања како строг, но крајно принципиелен и со огромна интуиција да препознае вредност и квалитет.

Со професорот Каранфилски во друштво сите се чувствуваа пријатно, од физичкиот работник до академикот. Со само нему својствените комуникациски вештини успеваше онаму каде што другите многу пати би се откажале. За него  немаше нерешливо, немаше човек што нема да се убеди, немаше финансиер кој немаше да помогне, едноставно пред неговиот секогаш пријатен и прилагоден кон средината  настап, никој не можеше да каже не. Иако повеќе од 30 години во пензија, професорот Каранфилски не престануваше да твори и едуцира. Завршувајќи еден проект, веќе ја имаше идејата за наредниот, со својот исклучително професионален и педантен пристап сето тоа го доведуваше до успешен крај, што ретко се забележува во нашата средина. Имаше богата научно истражувачка кариера во десеттата деценија од животот.

Професорот Каранфилски храбро и достоинствено  ја преживуваше староста,  всушност го уживаше секој период од животот максимално исполнето и конструктивно, влегувајќи  секогаш посветено, со особен ентузијазам и без комплекси и предрасуди  во сите животни и професионални предизивици.

Медицинскиот факултет и Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, засекогаш ќе му остане благодарен за се што твореше и се што направи преку својата самопрегорна работа и посветеност на факултетот преку пациентите, студентите, специјализантите, магистрантите и докторантите.

Тешко е да се признае фактот  дека повеќе го нема меѓу нас и дека ќе продолжи да живее во нас преку спомените, преку љубовта и сеќавањата кои ги носиме во нас за нашиот сакан и почитувана професор, родител, колега, пријател.

Се додека се присатни на овој свет оние кои живееја, работеа и твореа со проф д-р Борислав Каранфилски ќе бидат живи спомените за неговата непресушна жед за нови информации, знаења и научни вистини, професионалниот однос кон работата и единствените комуникациски вештини.

Избори за претседател и членови на Факултетско студентско собрание

Одлука за избрани членови и председател на Факултетското студентско собрание

Одлука за кандидатура за претседател и членови на Факултетско студентско собрание

Упатство ФСС – Медицински факултет Скопје

Процедура за електронско гласање

Список на студенти кои имаат право на глас од I година

Список на студенти кои имаат право на глас од II година

Список на студенти кои имаат право на глас од III година

Список на студенти кои имаат право на глас од IV година

Список на студенти кои имаат право на глас од V година

Список на студенти кои имаат право на глас од VI година

Список на студенти кои имаат право на глас II циклус студии

Список на студенти кои имаат право на глас III циклус студии

Распоред на испити во Јануарска испитна сесија 2020/21

Распоред на испитите на прва година – Општа медицина

Распоред на испитите на втора година – Општа медицина

Распоред на испитите на трета година – Општа медицина

Распоред на испитите на четврта година – Општа медицина

Распоред на испитите на петта година – Општа медицина

Распоред на испитите на шеста година – Општа медицина

Распоред на испитите на прва година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на втора година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на трета година – Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите на прва година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на втора година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на трета година – Радиолошки технолози

Распоред на испитите на прва година – Логопеди

Распоред на испитите на втора година – Логопеди

Распоред на испитите на трета година – Логопеди

Распоред на испитите на прва година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на втора година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на трета година – Физиотерапевти

Распоред на испитите на прва година за Инженер по медицинско лабораториска дијагностика

Повик за аплицирање за програма за меѓународна стипендија за извонредност (IES)


IES е германска младинска организација која работи на меѓународно ниво од 20 години фокусирана на поддршка на студенти од Источна Европа, Кавказ и Централна Азија. Со 6-месечната стипендија Меѓународна програма за стипендии за извонредност (IES), COPERNICUS BERLIN има за цел да обезбеди еднаков пристап до висококвалитетно образование и интензивна културна размена помеѓу Истокот и Западот. Повеќе информации IES: https://www.copernicusberlin.de/ies

Веќе имавме многу добри носители на стипендија од Северна Македонија и би сакале да поддржиме повеќе студенти од вашата земја. За подобро да се запознаете, ви препорачуваме да го погледнете следното интервју со нашите носители на стипендија: https://www.youtube.com/watch?v=PMssJ7KtUJ0&t=1227s

КОПЕРНИКУС БЕРЛИН социјалните мрежи:

Фејсбук: https://www.facebook.com/CopernicusBerlin/

Инстаграм: https://www.instagram.com/copernicusberlin

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCeOTlYKetYu3sq7Y48SaTUw

Твитер: https: //twitter.com/CopBerlin

Linkedin: https://www.linkedin.com/company/copernicusberlin



Контакт за било какви прашања е-пошта: info@copernicusberlin.de

Интерен конкурс за избор на демонстратори за учебната 2020/2021 година


Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018), одлуката од Наставно-научниот совет на Факултетот бр. 02-4595/65 од 17.11.2020 година и член 20 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје распишува интерен конкурс за избор на демонстратори, како помошници во наставно-образовниот процес на првиот циклус студии, а за потребите на Медицинскиот факултет во Скопје за учебната 2020/2021 година

Одлука за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје


Деканот на Факултетот на ден 19.11.2020 година, ја донесе следната ОДЛУКА за распишување на избори за претседател и Членови на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје:

Проект на Британскиот совет со наслов „Програма за унапредување на улогата на науката“


Програмата е наменета за студенти, постдипломци, докторанти и истражувачи од образовните институции и има за цел да придонесе кон градење на отпорност и издржливост на државите, заедниците и граѓаните низ регионот на Западен Балкан кон пандемијата со ковид-19 и нејзините неповолни влијанија, преку промовирање на науката и користење на научните докази.

За повеќе информации прочитајте го следниот документ: