Во прилог Ви ги праќаме анкетати: „Перцепција на студентот за квалитетот на наставата“ и „Перцепција на студентите за општите услови за студирање“на следниов линк anketi.ukim.mk
Напоменуваме дека пополнувањето на анкетата е задолжително, во спротивно нема да имате можност да продолжите со тековните активности од студиската програма на која сте запишани.
Анкетирањето мора да биде завршено најдоцна до 25.06.2024 година до 23:59 часот.
Почитувани студенти, предавањето за изборниот предмет Прва медицинска помош ќе се одржи на 17.05 во 13часот на Катедрата по анестезиологија со реанимација. Присуството на пријавените студенти е задолжително.
Почитувани студенти, изборниот предмет ЕКГ во организација на проф.др Љубица Георгиевска Исмаил и проф.др Лидија Попоска, ќе се одржува од 27.05 до 30.05 од 14-17 часот во амфитеатарот на Клиника за кардиологија (по договор термините може да се изменат =вторниот, третиот и четвртиот ден). Присуство на СИТЕ четири дена е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Ве молам, студентите што се пријавија за слушање на предметот, но и други студенти (непријавени) уште 10-15, да го потврдат своето учество на мејл кај професорките, најдоцна до 15.05.2024.
Се известуваат дипломираните студенти кои не ги подигнаа дипломите на свеченото доделување, истите ќе можат да ги подигнат секој понеделник од 11 до 12 часот во одделението за студентски прашања