Информација за EIT Jumpstarter 2025
Почитувани членови на академската заедница на УКИМ,
Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ) е водечка институција во Европа која поттикнува иновации преку поврзување на бизнисите, истражувачките центри и академската заедница, а од 2023 година Акцелераторот УКИМ е избран за ЕИТ Хаб во РС Македонија.
EIT Jumpstarter е главна претприемачка програма на ЕИТ, дизајнирана за професори и истражувачи, студенти и претприемачи кои имаат иновативна идеја и сакаат да ја претворат во бизнис. Оваа програма е одлична можност за сите вас кои сакате:
- Да ја валидирате вашата бизнис-идеја,
- Да добијете финансиска поддршка и менторство
- Да креирате одржлив и профитабилен бизнис модел и
- Да се вмрежите со експерти од различни индустрии.
Клучни датуми:
- Информативна сесија организирана од ЕИТ- 10 март 2025, 11:00 часот, регистрација ЛИНК
- Дополнителна инфо сесија организирана од локалниот хаб на ЕИТ – 13 или 18 март 2025, регистрација ЛИНК.
- КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ – 2 Април 2025 пријава ЛИНК.
Главни придобивки од програмата:
- Награди до 15.000 € за најдобрите тимови во осумте области на ЕИТ и дополнително до 3.000 € за патни трошоци
- Структурирана обука
- Пристап до меѓународна мрежа на инвеститори и бизнис партнери
- Видливост на европско ниво и можност за поддршка од ЕИТ за понатамошен развој
Ако сте професор или истражувач, студент, стартап или претприемач со одлична идеја, не ја пропуштајте шансата да добиете експертска поддршка и финансиски средства за да го развиете вашиот бизнис!
Замолуваме информацијата да ја споделите до членовите на академскиот кадар и студентите на втор и трет циклус студии.
Повеќе информации ви доставуваме во прилог.
Тимот на ЕИТ Хаб во РС Македонија Ви нуди поддршка во пријавувањето на EIT Jumpstarter програмата преку две информативни сесии кои ќе се одржат на 13.03.2025 и 18.03.2025 (ЛИНК за пријавување), но можете и директно да не контактирате на north.macedonia@eitcommunity.eu и 071578550.
Ве очекуваме!
Тимот на ЕИТ Хабот во РС Македонија
EIT Community Officer