Покана за XXVI Седница на Наставно научен совет на ден 08.06.2020 год. во 11 часот


Покана за XXVI Седница на Наставно научен совет на ден 08.06.2020 год. (понеделник) во 11 часот која ќе се одржи на отворено во дворот на Институтот за судска медицин, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

За дневен ред и останати информации на кликнете ТУКА.

Распоред за Јунска испитна сесија 2019-2020 година


Распоред на испитите за прва година Општа медицина

Распоред на испитите за втора година Општа медицина

Распоред на испитите за трета година Општа медицина

Распоред на испитите за четврта година Општа медицина

Распоред на испитите за петта година Општа медицина

Распоред на испитите за прва година Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите за втора година Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите за трета година Стручни медицински сестри / техничари

Распоред на испитите за прва година Радиолошки технолози

Распоред на испитите за втора година Радиолошки технолози

Распоред на испитите за трета година Радиолошки технолози

Распоред на испитите за прва година Логопеди

Распоред на испитите за втора година Логопеди

Распоред на испитите за трета година Логопеди

Распоред на испитите за прва година Физиотерапевти

Распоред на испитите за втора година Физиотерапевти

Распоред на испитите за трета година Физиотерапевти

Coronavirus response: НАТО ја мобилизира својата научна мрежа, 21.04.2020 г.

Coronavirus response: NATO mobilises its scientific network

За повеќе следете го слединов линк:

https://www.nato.int/cps/en/natohq/news_175293.htm?utm_medium=email&utm_campaign=NATO%20Update%20week%2016&utm_content=NATO%20Update%20week%2016+CID_4013872d6da61c89a1cae706aa27e608&utm_source=Email%20marketing%20software&utm_term=NATO%20mobilises%20its%20scientific%20network

ПОВИК ЗА МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ НА УНИВЕPЗИТЕТСКАТА АГЕНЦИЈА НА ФРАНКОФОНИЈАTA / COVID-19

Како одговор на пандемијата со COVID-19 со која се соочува целиот свет, Универзитетската агенција за Франкофонија (УАФ), верна на своите вредности за солидарност и споделување, направи еден широк акционен план наменет за високообразовните институции кои се нејзини членки и партнери:

Покрај предвидените активности, УАФ објавува повик за посебни меѓународни проекти со забрзана и поедноставена процедура за поднесување, евалуација и селекција, наменет за поддршка на бројните иницијативи поврзани со пандемијата што произлегуваат од многу реактивниот, снаодливиот и одговорниот универзитетски простор, кој се потпира на партнерските мрежи на студенти, професори, научни работници кои се особено креативни и иновативни.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Совети како да си го олесните учењето

  1. ПЛАНИРАМ

Исклучително е важно да го планирате своето време. Затоа правете план за целата недела. Учењето поместете го секогаш во истите делови од денот. Тоа ќе ви помогне да создадете работна навика и контрола над сработеното.

Во дневниот план точно определете време кога и што ќе учите. Но одредете кога и со што ќе се забавувате. Внимавајте, не е лошо и кратко да преспиете еднаш во денот.

Планирајте си интервали од по 45 – 60 минути, а меѓу нив кратка пауза во која ќе се одморате а нема да превземате друг тип ментална активност.

  • КАКО ДА ГО ЧИТАМ МАТЕРИЈАЛОТ

Не чекајте инспирација за учење. Учењето започнете го одма. Бидете упорни и не дозволувајте ништо да ве обесхрабри. Најлесно е да се откажеш – но ти нема да го направиш тоа!

1. Прво прегледајте го целото поглавје што треба да го учите. Прочитајте го воведното поглавје, насловите и поднасловите и заклучоците на крајот. Прегледајте ги и сликите, дијаграмите, графикони, табелите и фуснотите ако ги има. Сето тоа ќе ви одземе најмногу еден саат. Тоа не е изгубено време. На овој начин ќе стекнете увид во суштината и главните делови на поглавјето. Тоа ќе ви помогне да го поделите на помали делови, полесно да се вклучите во учењето и да ја остварите зададената задача.

2. Поставете прашања. Како? Со претварање на секој наслов и поднаслов во прашање. Насловот „Градбени компоненти на сврзното ткиво“ претворете го во: „Од кои компоненти е градено сврзното ткиво“?. Со поставување прашање пред да почнете да учите, добивате увид за што ќе се зборува и кои се главните делови на текстот.

3. Сега читајте го текстот во кој се содржи одговорот на прашањето што е поставено. Имајте го на ум прашањето кое сте го поставиле и барајте го одговорот. Тоа ќе ве усмери и натера да ја откриете главната идеја во текстот и да увидите што во текстот е најважно.  

4. Означувајте и подвлекувајте. Прво прочитајте го еднаш пасусот до крај. Потоа пак вратете се на него и дури тогаш подвлечете ги само зборовите (не реченица) кои даваат одговор на прашањето што го поставивте. Подвлекување на се и сешто доведува до збрка и конфузија. Предноста на подвлекувањето само на она што е важно за добивање на одговорот е во тоа што ја смалувате количината на текстот  кој ќе треба да го повторите и запомните.

5. Сега со свои зборови раскажете го пасусот. Како? Видете кое прашање се наоѓа на местото од насловот.  Пронајдете каде во текстот на пасусот лежи одговорот (подвлечено) и со свои зборови јасно одговорете на прашањето. Ако сте разбрале, ќе знаете и да образложите зошто давате таков одговор. Тој процес ќе ви потврди дека сте разбрале и тоа сознание и подоцна ќе умеете да го употребувате. Со повторувањето ќе видите дали навистина разбравте што  прочитавтее.

– Продолжете со истиот редослед низ секој пасус, низ целото поглавје –

  • КАКО ДА ОБЕЛЕЖУВАМ ШТО Е ВАЖНО

Во претходно споменатата четврта фаза од читањето (препрочитување на пасусот) го барате одговорот на прашањето. Прочитајте до крај па донесете одлука кои зборови се најважни и  подвлечете ги! Не подвекувајте цели реченици; не боете цели редови; не го маркирајте текстот со многу различни бои – сето тоа ќе направи хаос!

  • КАКО ДА ПРАВАМ СОПСТВЕНИ БЕЛЕШКИ

Откако е завршена една целина од материјалот, многумина практикуваат да направат белешки на лист. Белешките (концептот) треба да претставува скелет на лекцијата и ќе послужи за повторување. Белешките уште ги нарекуваме „концепт“ или „мапа на наученото“.

Внимавајте! Правењето белешки не е препишување на делови од лекцијата!!

На листот ставете го само она што е битно во материјалот а не поединости. Издвоите што е важно и што има смисол за разбирање на текстот. Многу е важно белешките да се кратки и јасни.

Запишаните термини подредете ги логично. Ако треба поврзете ги со стрелки нештата кои меѓусебе се зависни. Наместо објаснувања нацртајте скица или друг визуелен приказ со кој се илустрира материјалот. Сликите остануваат во сеќавање. Развивајте ја таа вештина.

Целта на белешките е да направите 1) синтеза, 2) логично поврзување и 3) редослед на битните информации. Тоа е ваше дело – разбирлива целина која ќе можете да ја запамтите.

Процесот на правење и организирање на средени белешки (концепти за повторување) ќе ви помигне активно да сте вклучени во она што сакате да го научите!

  • ЌЕ СЕ СТАВАМ ВО УЛОГА НА НАСТАВНИК – ЌЕ СРОЧАМ ПРАШАЊА

Најдобро е учењето да заврши со формулирање на прашања кои се однесуваат на сите битни елементи од материјалот.

Во прашањата запазете го редоследот по кој е образложена лекцијата.

Не поставувајте прашање на кое се одговара со „ДА“ или „НЕ“.

Поставете прашање со кое ќе поттикнете прашаниот да наведе одреден битен факт и истиот да образложи зошто е таков. Добото прашање секогаш изнудува јасен концизен одговор по кој следи образложение зошто е тоа така! 

Ако не успевате да извлечете прашања од поминатиот материјал, изгледа не сте биле доволно сконцентрирани при учењето. Тогаш треба да се вратите назад на направените белешки (својот концепт) и уште еднаш да ги разгледате, да ја утврдите поврзаноста и логичноста.

6. КАКО ДА СЕ ХРАБРАМ

Постигнете успех на самиот почеток – ништо не мотивира толку, колку сопствениот успех. Како? Поделете го учењето на мали делови и материјалот неме да ви изгледа ниту огромен, ниту застрашувачки, ниту досаден. Кога ќе завршите еден дел, ќе почувствувате задоволство заради постигнатиот успех и сопствениот напредок. Тоа делува позитивно и охрабрувачки. Тоа дополнително ќе ве мотивира  да продолжите со наредниот дел. Ќе приметите промена во расположението и чувство на поголема самодоверба.

Нека не ве плашат грешките што попатно ги правите. Не греши само оној кој не напредува и не сака да се развива. Успехот е резултат на добро планирање, посветеност на работата и учење од направените грешки.

За себе кажи дека си упорен! Повторувај си го тоа. Една стара изрека вели: Што и да е тоа во што веруваш, ако вистински веруваш – со сето свое срце, ќе постане твоја стварност“

И потсетувајте се на реченицата на Винстон Черчил: „Никогаш немој да се предадеш, никогаш, никогаш не се откажувај!“

Слушајте се со колегите. Разменете мислења – но никогаш не зборувајте негативно.

И наградете се за секој успех што сте го постигнале тој ден. Наградата создава позитивни асоцијации. А најголемата награда е што се гордеете со себе!

Од Катедрата за хистологија и ембриологија,

Проф д-р Лилјана Миленкова

Препорака за лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона

Во согласност со препораките на Светска здравствена организација (СЗО), Министерството за здравство  на Република Северна Македонија и Центарот за Управување со кризи на Република Северна Македонија, ве информираме за одредени лични и колективни заштитни мерки кои секој вработен на Медицинскиот факултет се препорачува да ги превземе со цел заштита од вирусот Ковид-19 познат како Корона.

Kонкретни мерки кои ме штитат мене и другите од инфекција

  • Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб); 
  • Избегнувајте ракување и прегрнување; 
  • Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката; 
  • Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири; 
  • Избегнувајте да споделувате храна или предмети за лична хигиена;
  • Проветрувајте ги редовно просториите во кои престојувате;
  • Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството; 
  • Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот; 
  • По потреба ставете ракавици или менувајте ги секојдневно; 
  • Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот; 
  • Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
  • Вработените кои се чувствуваат добро, но дома имаат член на семејството заразен со коронавирус задолжително да го известат својот претпоставен и да се пријават на еден од контактите кои Министерството за здравство ги споделува со цел да се добијат точни инструкции за натамошно постапување;
  • Колегите кои се заболени од сезонскиот грип препорачливо е да се задржат на домашно лекување и да не доаѓаат на работа се додека матичниот доктор не препорача дека враќањето на работа е можно и да се активира соодветно боледување.
  • Медицинските маски не се потребни за здрави лица, нив треба да ги носат лица кои имаат кивавици, кашлици и температура затоа што на тој начин помагаат во намалување на шансите за зараза на други лица. Оттука, не е потребно здрави колеги да носат маски на работното место.

Мерки кои ги превзема Медицинскиот факултет

  • Ke сe достават дополнителни антисептички средства за хигиена на раце  во сите тоалети и во сите канцеларии  (која не треба да го замени редовното миење на раце);
  • Се одложуваат сите службени патувања надвор од земјата;
  • Се одложуваат семинарите кои се закажани во просториите на Факултетот.

Препораки за приватни патувања

  • Вработените би требало да ги проучат најновите укажувања и препораки за секоја дестинација. Патувањата во странство (земјите каде е утврдено постоењето на вирусот) да ги одложите освен ако истите не се од исклучителна важност; 
  • Советуваме пред тргнување на пат да извршите лекарски преглед за да се утврди евентуално постоење симптоми на акутна болест на дишните патишта. Ако ги има, тогаш е важно да се остане дома; 
  • Оној кој ќе се разболи на пат, за тоа треба веднаш да го извести својот предпоставен.

Подолу Ве упатуваме соодветно да постапите согласно Апелот на Владата на Република Северна Македонија

,, Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје наведени на сликата подолу.

Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат.

Владата на Република Северна Македонија повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.”

Известување за објавување Интерен конкурс за респределба на сретства за спортски активности и културни активности и манифестации

Ве известуваме дека Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува интерен конкурс за респределба на сретства за спортски активности и културни активности и манифестации на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за 2020 година.

Повеќе информации и како да пријавите проект/проекти во линковите подоле:

Насоки за ИТНО постапување – Министерство за образование и наука

Почитувани,

Во прилог на овој допис ви ги доставуваме препораките и насоките за итно постапување во добиени од Министерството за образование и наука врз основа на Заклучокот од 11. седница на Владата на Република Северна Македонија, со цел превенција од Корона вирусот.

Ве молиме да ги почитувате сите препораки и насоки дадени во дописот.  

ЛИНК – Допис од Министерство за Здравство

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје